09 Октомври, 2024
0.0247

Гигантот „Прада“ дере кожа на крокодили, на повидок огромен судски спор

Објавено во: Стил 06 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Италијанската модна куќа „Прада“  на суд поради проблеми во врска со купување кожа од 700 млади и 26 возрасни крокодили. Тужбата е во износ од два милиона долари.

„Прада“ влезе во судски проблеми откако фирмата „Капо-УСА“ (Capo-USA) откри како направила договор со неа за купување кожа од млади американски крокодили, која ќе се користи за изработка на егзотични модни додатоци.

Барајќи помош од „Капо – УСА“, Прада нашла квалитетни одгледувачи на крокодили и со тоа ја олеснила испораката во фабриката „ГНП Пели“ во Италија.

„Капо – УСА“ биле платени за секој млад крокодил, а дополнително заработувале и од продажбата на кожа. Фирмата тврди дека самостојно превезле 726 крокодили на фармата на „Прада“ во Луизијана, каде што се одгледуваат крокодили поради крзно и кожа.

Меѓутоа, „ГНП Пели“ наводно не ја платиле провизијата на „Капо – УСА“, со што е направена штета поголема од два милиона долари, што американската фирма ги бара преку тужба.