Ѓорѓе Иванов го предложи Богов повторно да биде гувернер на НБ
Објавено во: Финансии 30 Април, 2018
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, го предложи Димитар Богов повторно да биде гувернер на Централната банка на Македонија.
Како што се наведува во соопштението, Претседателот на РМ во изминатите два месеци извршил консултации со сите релевантни субјекти пред да го донесе заклучокот.
Аргументи на Иванов се тоа што во релевантните извештаи се бележи дека Народна банка бележи одличен успех, особено во одржувањето на девизните резерви.
Богов е гувернер на НБ од 2011 година.