26 Април, 2024
0.0303

„Гласен текстилец“ ќе се жали пред Уставен суд за законот за недела неработен ден

Објавено во: Економија 10 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

„Гласен текстилец“ - Штип ќе ги оспори измените на Законот за работни односи со кои е предвидено од 1 октомври недела да биде работен ден. Од здружението велат дека во законот нема дадено автентично толкување за фирмите кои имаат карактер на придружни или помошни дејности, кои можат да работат во недела

Според Кристина Ампева,  предводникот на организацијата која низ годините бараше и е иницијатор за прогласување на недела неработен ден. се работи за класична манипулација. Најавува дека „Гласен текстилец” заедно со други здруженија и синдикати ќе го оспори Законот на Уставен суд.

„Во приватниот сектор ние немаме евиденција за работно време и затоа сметам дека ова сега што се продава од страна на Сојузот на синдикати, како социјален партнер,  е само продавање магла. Значи, недела не е неработен ден, туку ќе биде работен ден и тоа за многу дејности, дополнително е и што нема автентично толкување, кои се тие помошни, придружни дејности. Можат да произлезат уште 100 од нив и фактички ќе биде легално прекршување на работничките права во име на профитот“, реагира Ампева.

Таа очекува злоупотреби од страна на одредени работодавци, а според неа, решение за компаниите навистина да го почитуваат недела како неработен ден е конечно  да се поврзат електронски за евиденција на работното време со Управата за јавни приходи. 

Недела ќе биде неработен ден за сите работници, освен за одредени исклучоци за кои ќе биде дозволено работењето в недела и на празници, најави Владата на почетокот од неделава.

Со овој закон е предвидено додатокот на плата за работа во недела да изнесува 100 насто за секој час поминат на работа во недела и за празници. Исто така, за трговските субјекти кои ќе работат во недела се утврдува надоместок од 2 отсто од вкупниот приход. Имплементацијата на законот ќе биде следена од инспекторатот за труд.


Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката