26 Април, 2024
0.0260

ГЛИГОРОВА ОД НБМ ЗА ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА БАНКИТЕ: Не му наштетија на банкарскиот систем и на депозитите, тие се во раст

Објавено во: Финансии 15 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Неточните информации и шпекулациите за одделни банки и за банкарскиот сектор во целина, коишто во изминатите недели се појавија во јавноста, немаа материјални ефекти врз банкарскиот систем. Ова е видливо и преку податоците за депозитната база коишто покажуваат постојан позитивен тренд.

Ова го истакна генералната директорка на Секторот за супервизија на Народната банка, Викторија Глигорова, во синоќешното издание на емисијата „Економски магазин“ на телевизијата Алсат-М.

„Мислам дека заклучоците и одлуките треба да ги темелиме на официјални, конкретни показатели. Банкарскиот систем е стабилен. Ставот дека и покрај здравствената криза, тој е во солидна кондиција, се темели токму на конкретни и меѓународно споредливи и прифатени показатели. Основно, тоа се неговата капитална позиција и стабилната и солидна ликвидност. Капиталната позиција на банкарскиот систем согледана преку стапката на адекватност на капиталот изнесува 16,7 отсто, што е повеќе од двојно повисоко ниво од законскиот минимум од 8 отсто. Ликвидните средства се околу една третина од вкупните средства на банките и покриваат близу две третини од вкупните депозити на населението кај банките“, рече Глигорова.

Таа појасни и зошто е толку важна капиталната позиција на банкарскиот сектор, нагласувајќи дека капиталот е примарниот механизам за покривање на евентуални негативни ефекти од работењето на банките и одржување на нивната стабилност. Повисокиот капитал, односно подобрената капитална позиција, како што кажа, подразбира и подобрен капацитет на банкарскиот систем за покривање неочекувани загуби.

Генералната директорка на Секторот за супервизија се осврна и на начинот на којшто се спроведува супервизијата, којшто обезбедува високо ниво на ефикасност и квалитет на активностите.

„Активностите се остваруваат согласно со пишани супервизорски процедури и практики, коишто се усогласени со најдобрите меѓународни стандарди, со што Народната банка при вршењето на супервизорската функција применува конзистентен пристап којшто е еднаков кон сите банки. Ниту една активност не може и не се спроведува од страна на еден човек. Напротив, супервизијата подразбира тимска работа. Тоа овозможува високо ниво на експертиза од различни области, но и контрола во однос на оправданоста, издржаноста и соодветноста на супервизорските одлуки. Сите одлуки минуваат низ неколку нивоа на анализа, контрола и одлучување, почнувајќи од тимовите во стручните служби, преку менаџментот во соодветните дирекции, стручното супервизорско тело – Комитетот за супервизија, помошното тело составено од вицегувернерите на Народната банка, па сѐ до гувернерот“, појасни Глигорова.

Можеби ќе ве интересира

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

НАЈСТАРАТА МАКЕДОНСКА БАНКА СЛАВИ 80 ГОДИНИ, А ИМА И УБАВА ВЕСТ - еве како оствари чист профит поголем од 14 милиони евра

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

„НОЌЕВАЊЕ ВО ОХРИД ЗА ДВЕ ИЛЈАДИ ДИНАРИ“: Еве како српски „Б92“ им го претстави македонскиот бисер на Србите

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

САМО НЕБОТО Е ЛИМИТ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ БАНКИ! Која од нив објави 19 милиони евра профит за три месеци?

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

РАБОТАТ ОД ДОМА, А СААТНИЦАТА ДОСТИГНУВА 200 ЕВРА: Ова е список на работни места за кои многумина сонуваат

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување