27 Април, 2024
0.0311

Глобален берзански преглед – јули 2018

Објавено во: Економија 16 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Раст за повеќе од 2% на глобалните берзи во месец јули. Пресметките се по MSCI индексот, изразен во евро валутата. Предничат европските и американските берзи, каде што растот надминува и 3%, додека пазарите во развој останаа без значителни промени.

И покрај значителниот раст, американските берзански индекси се под историските максимални вредности кои беа постигнати на почетокот од оваа година. Според последно објавените податоци, економскиот раст изнесува 2,8% на годишно ниво. Стапката на инфлација се покачи до 2,9%, што е највисока забележана вредност од 2012 година наваму. Причините за зголемената инфлација во последните неколку месеци, во голема мера можеме да им ги припишеме на порастот на цените на енергенсите. Стапката на невработеност пак бележи зголемување за 0,2 процентни поени и сега е на ниво од 4%. Причината за нешто повисоката невработеност е наглиот прилив на нова работна сила на пазарот на труд. Довербата на потрошувачите е благо намалена во месец јули, според податоците кои ги објави Универзитетот во Michigan. Претседателот Trump е со нов предлог за воведување на дополнителни увозни давачки до износ од 200 милијарди долари за добрата кои се произведени во Кина. Зголемените царини и последичното покачување на цените на продуктите би се одразиле негативно на куповната моќ на потрошувачите.

Во еврозоната, економскиот раст во вториот квартал изнесува 2,1% на годишно ниво, што е за 0,4 процентни поени помалку во однос на првиот. Стапката на инфлација изнесува 2,1%, за што повторно можеме да кажеме дека е резултат на повисоките цени на енергенсите. Слабее довербата кај потрошувачите во последните месеци, а потрошувачите беа главните двигатели на европското економско закрепнување. На своето јулско заседание, Европската централна банка остана со непроменета монетарна политика. Приносот до достасување на 10-годишната германска државна обврзница на крајот од месецот изнесуваше 0,48% годишно.

Акцискиот индекс на БРИК државите заврши речиси без промена во однос на претходниот месец. Кинеските компании поевтинеа за нешто повеќе од 3%, за сметка на тоа пак растот во Индија е над 6%, а во Бразил дури над 10%. Порастот на вредноста на вложувањата во руски компании пак е нешто под 2%.

Намалување бележат цените на барелот сурова нафта, како и на инвестициското злато. Цената за унца од скапоцениот метал се намали до најниската вредност која е забележана оваа година.

Во продолжение е преглед на берзанските движења по региони.

Регион

Индекс

Промена во месец јуни

3 месеци

1 година

Глобално ниво

MSCI All Countries

2,65%

5,44%

9,83%

Западна Европа

MSCI Europe

3,06%

1,51%

3,50%

САД

MSCI US

3,16%

9,80%

14,58%

Пазари во развој

MSCI BRIC

0,28%

-3,30%

6,33%

Балкан

Stoxx Balkan ex TR&GR

-0,05%

-2,93%

-1,15%

Обврзнички пазар

iBoxx Europe

-0,19%

-0,44%

0,97%

Сооднос EUR/USD*

0,06%

-3,20%

-1,28%

* Позитивната вредност означува раст на еврото

НАПОМЕНА: Глобалниот берзански преглед е изработен во соработка со Друштвото за управување со инвестициски фондови КД Фондови АД Скопје. Изнесените податоци се од информативен карактер и не содржат инвестициска препорака за вложување во некој од фондовите под управување.

Вложувањата во акциски фондови подлежат на одреден пазарен ризик. Вредноста на уделите може да расте или опаѓа во зависност од тековните состојби на пазарите на капитал. 

Пред донесувањето на одлука за вложување, секој потенцијален инвеститор е должен внимателно да ги прочита одредбите од Проспектот и Статутот на фондот во кој има намера да вложи средства, со цел да дознае за каков вид на вложување станува збор, како и за ризиците поврзани со вложувањето во тој фонд. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра