17 Мај, 2024
0.0270

Го навредила Ердоган и заврши во притвор

Објавено во: Балкан 10 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Турска студентка е во притвор поради навреда на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган на Фејсбук. 

Студентка по новинарство е ставена во притвор поради навреда на претседателот Ердоган на социјалните мрежи, изјави нејзината адвокатка за ДПА.

Судот во провинцијата Трабзон на Црното Море во петокот наредил Бериван Била, 24-годишна студентка по новинарство на Техничкиот универзитет во Карадениз, да остане во притвор до судењето откако е уапсена еден ден претходно.

Судот во својата одлука за притвор цитирал ставови на Фејсбук со „навредливи“ изјави против претседателот, јави агенцијата ДПА која имала увид во документите.

Судот е особено загрижен за еден пост од 10 јануари, во кој Била вели дека медиумите станале „слуга на диктаторот“, изјавила адвокатката Сецкин Туркоглу.

Била ги негираше обвинувањата на судот велејќи дека ја критикувала Владата и не го посочила конкретно Ердоган.

Таа е членка на левичарската студентска група Колектив, и објави статија во јули 2017 година, во која го критикуваше затворањето на новинарите, без да го именува Ердоган.

Туркоглу изјави дека денеска поднела жалба на одлуката на судот во Трабзон за апсењето на Била. Судот има седум работни дена да донесе одлука по жалбата.

Но, ова не е прв ваков случај. Во 2012 година 17 годишно момче доби 11 месеци и 20 дена затвор затоа што го навредил Ердоган на Фејсбук. 

И новинар во минатото заврши во затвор затоа што со твитови го навредувал Ердоган. 

Можеби ќе ве интересира

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА БИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ТОКСИН НАЈДЕН ВО МЕЛЕНА БИПЕРКА ОД СРБИЈА: Швајцарците презентираа алармантни податоци, нивото на токсинот над 50 ОСТО!

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ИМАЛ ПОВЕЌЕ ПРИЈАВИ ВО ПОЛИЦИЈА: Какви дела вршел човекот кој му се закани на Вучиќ?

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ: По пукањето во Фицо, маж му се закани на Вучиќ дека тој ќе биде следен

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

СРПСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СПРЕМНА ДА ЗАРАБОТИ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ДВА ДЕНА - хотелите во Белград пребукирани, еве колку кревети останаа

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

ДЕТСКИ ПРОИЗВОД СЕ ПОВЛЕКУВА ОД ПАЗАРОТ ВО СОСЕДСТВОТО - играчката содржи огромно количество олово

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

„ВЕ ИНТЕРЕСИРА ОД КАДЕ МОЈАТА ДНК НА ЧАУРА ВО УЧИЛНИЦАТА? ОСЛОБОДЕТЕ ЈА ВАШАТА ИМАГИНАЦИЈА“ - Одбраната на мајката на момчето убиец од Рибникар срамна и дрска

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

ГЕРМАНИЈА ДРАСТИЧНО ГО ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА РАБОТНИ ВИЗИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ И ДРУГИТЕ БАЛКАНЦИ: Ова се професиите кои најдобро ќе се снајдат, платите одат и до 7.000 евра

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕ САКАШЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ СИНОТ: Почина мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано

НЕМА „ПЛАФОН“ ЗА ЦЕНИТЕ ВО ГРЦИЈА - СТАНОВИТЕ НАД 1.000 ЕВРА: Многумина жалат што платиле порано