26 Април, 2024
0.0284

Го обвинуваат Вучиќ дека го ветил Косово на Американците

Објавено во: Балкан 17 Април, 2018

Добивај вести на Viber

Поранешнот српски министер за надворешни работи и актуелен лидер на опозициската Народна партија (НС), Вук Јеремиќ, вели дека српскиот претседател, Александар Вучиќ „им го ветил Косово на Американците“, но дека има проблем како да го исполни тоа ветување.

На трибината во Нови Сад, како што јави дописникот на МИА, Јеремиќ изјави дека на Вучиќ единствено не му одговара барањето на Американците да му дозволи на Косово место во ОН.

„Американците бараат од Вучиќ да го внесе Косово во ОН и да го потпише т.н. договор за сеопфатна нормализација на односите со Приштина, а го притискаат и да побара од Русија да не го блокира сето тоа во Советот за безбедност на ОН“ – изјави Јеремиќ.

Смета дека Вучиќ се обидел да понуди размена на територии, но таквата понуда била одбиена затоа што наводно веќе ветил да го внесе Косово во ОН.

„Нам не ни се противници во косовското прашање Албанците, туку оние кои ја создаваа таа држава и кои ни ја одземаат таа територија“ - изјави денеска Вучиќ.

Во интервју за Пинк телевизија, тој рече дека е „јасно оти за Косово се преговара со САД, Велика Британија и уште неколку држави од Европската унија“.

Вучиќ додаде дека Приштина, како што изјави косовскиот премиер Рамуш Харадинај, нема своја надворешна политика бидејќи за нив ја води САД.

Во интервјуто Вучиќ наведе дека Србија води самостојна надворешна поитика, седи „на свое столче“, но и дека се лажат оние кои мислат дека е можно да се развива што било на европскиот континент без поддршка од Германија.

Тој вели дека оваа година ќе биде тешка за Србија. 

Можеби ќе ве интересира

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

Вучиќ им се извини на Словенците по изјавата дека се „одвратни“, но не и на нивните политичари

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син

МАЈКАТА НА ДАЛИБОР ДРАГИЈЕВИЌ: Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил мојот син