Голем гаф на Google - Им го утна празникот на Бугарите
Објавено во: Балкан 04 Март, 2018
Интернет гигантот Google се посрамоти во Бугарија со посебниот цртеж со кој сакаше да им го честита 3 март, денот на ослободувањето од османлиско робство.
Наместо да го честита националниот празник, Google на анимираниот цртеж напиша среќен меѓународен ден на жената кој всушност се паѓа на 8 март.
Потоа од Google ја поправија грешката и прописно го честитаа денот на независноста на Бугарија.