Голем интерес за онлајн пописот: Иселениците во оваа земја најбројни самопопишувачи
Објавено во: Македонија 16 Март, 2021
Засега најголем број самопопишувачи доаѓаат од иселените Македонци во Швајцарија.
Податоците на надлежните покажуваат дека дијаспората во Швајцарија од почетокот на онлајн пописот покажала најголем интерес, и дека бројката на само попишани во таа земја изнесува околу 16 000.
По Швајцарија, следат иселениците во Германија и Италија со попишани околу 10 000, односно 6000 лица.
Од друга страна, како што соопшти министерот Османи, послаб е интересот на дијаспората во Австралија и Канада.
21 април е датумот до кога иселените лица ќе може да се само попишуваат, а за надлежните сеуште е рано да се оценува успешноста на процесот, наспроти барањата за одложување од страна на опозицијата.