Тошковски објасни зошто се испишманил МВР за личните карти: Претходните не го промениле Законот
Објавено во: Македонија 17 Јануари, 2025 09:55
Иако граѓаните до скоро правеа непотребни трошоци и напори за вадење на нови лични карти, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во емисијата „Клик Плус“ синоќа на ТВ21 објасни зошто одеднаш МВР го промени мислењето пред една недела.
- Ќе важат заради тоа што Законот е таков. Во Законот за возачки дозволи истечена е важноста на возачките дозволи со старото уставно име заклучно со 01.01.2025. Но Законот за лични карти нема таква одредба. Не беше променет тој Закон во минатото од „овие експертиве“-политичари од минатото и истите лични карти ќе си важат заклучно со втиснат датум на нив, рече Тошковски.
Тој дополни дека личните карти со старото уставно име на кои не им е истечен рокот на важност ќе важат за секојдневни потреби и за патување во земјите со кои имаме билатерални договори за поминување на границата без пасош.
Засега, задолжително е пасошите и возачките дозволи да се со уставното име, со тоа што Тошковски апелираше до полицијата да не се казнуваат возачите туку во овој период само да се опоменуваат.
Лани имаше големи гужви за промена на личните документи и истите граѓаните ги чекаа и по неколку месеци.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




