ГОЛЕМА СТУДИЈА ПОКАЖА: Помалку заразени со делта има кај вакцинираните со Модерна отколку со Фајзер
Објавено во: Свет 24 Јануари, 2022
Кога делта-варијантата на коронавирусот преовладуваше во Соединетите Држави, оние кои биле вакцинирани со две дози Модерна биле со помала веројатност да се заразат и малку помала веројатност да бидат хоспитализирани од оние кои биле вакцинирани со две дози Фајзер, покажа голема студија.
Истражувачите ги анализирале здравствените досиеја на повеќе од 637.000 приматели на вакцини кои претходно не биле заразени со вирусот и не примиле засилена доза.
Според резултатите објавени во медицинското списание JAMA, бројот на заразени постојано растеше секој месец од јули до ноември 2021 година, со повисоки стапки во групата Фајзер. Во ноември, имаше 2,8 случаи на илјада луѓе вакцинирани со Фајзер, во споредба со 1,6 случаи на илјада приматели на вакцината Модерна.
Вакцините обезбедија подеднакво добра заштита од смрт, но стапката на хоспитализација беше 12,7 проценти кај заразените лица вакцинирани со Модерна, и 13,3 проценти за заразените лица вакцинирани со Фајзер.
Кога истражувачите споредиле 62.584 приматели на Модерна со група приматели на Фајзер со иста големина, ризикот од инфекција бил за 15 отсто помал во групата вакцинирана со Модерна.
„Иако постои разлика во бројот на заразени луѓе, двете вакцини обезбедуваат висока заштита од вирусот, особено од најсериозните последици од болеста“, рече коавторот на студијата Памела Дејвис од Медицинскиот факултет на Универзитетот Кејс Вестерн Резерв.
Извор: Индекс.хр