ГОЛЕМА СУМА: Долговите на Тито стигнаа за наплата
Објавено во: Финансии, Балкан 24 Септември, 2018
Граѓаните на Србија до крајот на годината ќе мора да платат 337,95 милиони евра, долгови кои се создадени во времето на СФРЈ во седумдесетите и осумдесетите години, пишува српски Блиц.
И оваа година Србија ќе мора да плати за безгрижниот живот во времето на СФРЈ.
За споредба, толку изнесува и сумата која ќе се потроши за зголемување на пензиите на 1.7 милиони пензионери.
Се работи за скап кредит, кој е земен во времето на Тито, со камата од скоро 7%, при што се позајмени 8.8 милијарди евра. И во тоа време републиките од СФРЈ имале можност самостојно да се задолжуваат.