20 Декември, 2025
0.0556

Големи антитерористички операции ги тресат Италија и Турција

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2015 11:41

Добивај вести на Viber

28 лица беа приведени во антитерористички операции во Турција и Италија.

Турската полиција уапсила 11 осомничени во операции, поддржани со хеликоптер, против терористите од „Исламска држава“ во Истанбул, забележува локалниот медиум „Анадолија“.

Операциите се извршени само неколку дена пред средбата на Г-20 во земјата.

Антитерористичките активности се дел од серија на операциите против осомничени терористи во Турција, каде мерките за безбедност се стегнати поради самитот викендов.

Минатата недела полицијата уапси 20 лица поврзани со „Исламска држава“, во јужната провинција Анталија, каде ќе се одржи Г-20 од 15 до 16 ноември.

„Анадолија“ забележува дека се проверени повеќе од 20 луѓе во различни населби во Истанбул. Помеѓу уапсените има седум странци.

Медиумот додава дека операцијата продолжува и може да бидат уапсени уште луѓе.

Во исто време италијанските сили за безбедност соопштија дека 17 лица од различни европски земји се уапсени во операција против осомничените членови на терористичка организација. Во соопштението се додава дека тие се осомничени за „меѓународен тероризам“. Помеѓу уапсените нема Италијанци.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај