11 Декември, 2025
0.1652

Големи светски економии одат кон рецесија!

Објавено во: Свет 12 Ноември, 2012 15:54

Добивај вести на Viber

Две од големите светски економии итаат кон рецесија. Франција и Јапонија. Јапонскиот министер за финансии Сеиџи Маехара не ја исклучи оваа можност.

Не можам да ја одречам можноста дека економијата на земјата може да навлезе во рецесија“, изјави министерот откако беа објавувени финансиските показатели на земјата за третото тримесечје од годинава.

БДП-то на Јапонија во третото тримесечје е намалено за 3,5%, односно за 0,9% споредено со второто тримесечје на 2012-та. Како што беше очекувано, БДП падна за 0,9 отсто во периодот од јули до септември 2012 година, но очекувањата ги надмина падот на капиталната потрошувачка за дури 3,2 проценти. Податоците на владата објавени во понеделникот, покажаа дека на годишно ниво БДП-то на Јапонија се намалил за 3,5 проценти. Јапонската економија забележа поголем раст од другите членки на групата Г-7 најразвиени земји во првата половина од годинава, благодарејќи на силната лична и јавна потрошувачка на обновувањето на земјата по катастрофалната природна стихија од март 2011 година. Исто така и Франција е на прагот на рецесија. Централната банка предвиде 0,1 процент пад на активностите и за третиот квартал, а економистите генерално ја дефинираат рецесијата како пад на активноста во два последователни квартали. Од INSEE, Заводот за статистика, објавуваат дека производството во преработувачката индустрија падна за 3,2% во септември, додека во август имаше пораст од за 2,1%.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

Промени на границата со Унгарија: Што треба да знаете пред вашето патување

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

„НЕШТО КАКО ЗЕЛЕНА КАРТА, САМО ПОСОФИСТИЦИРАНА“: Пристигна „Trump Platinum Card“, еве кој ќе може да си ја дозволи

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

(ВИДЕО) Пожар изби на пазарот во Санкт Петербург: Има повредени

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Трамп за Европа: Мислам дека се слаби

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Жена доби отказ затоа што порано доаѓала на работа?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

Сценариото за мир предвидува Украина да влезе во ЕУ во 2027 година?

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

КИНА ПОГУБИ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗАРАДИ ПРИМАЊЕ МИТО: Цел имот му беше конфискуван а нелегалните пари се вратени во државната каса

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) ТРАМП СЕ СКАРА СО НОВИНАРКA: Ja нарече напорна и ужасна

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?

(ВИДЕО) БРИЖИТ МАКРОН ПРЕДИЗВИКА СКАНДАЛ: Koи се жените кои ги навреди и зошто?