Горбачов разговараше за нуклеарното оружје со Бајден и очекува продолжение на „НОВ СТАРТ“
Објавено во: Свет 20 Јануари, 2021
Првиот претседател на СССР, Михаил Горбачов, е убеден дека
Договорот за понатамошно намалување и ограничување на нуклеарното оружје, т.н програма „Нов СТАРТ“, (неофицијалното име СТАРТ-3) мора да биде продолжен, пишува денеска Тасс, а пренесува News.bg.
-Неопходно е да се продолжи договорот СТАРТ-3, ова е реално, особено откако Бајден се залагаше за тоа за време на изборната кампања, рече Горбачов во интервју за ТАСС.
Тој истакна дека разговарале со Бајден за потребата од нуклеарно разоружување за време на состанокот во Белата куќа во 2009 година. Русија и Соединетите држави го потпишаа „Нов СТАРТ„ во 2010 година. Според условите на програмата, секоја земја го намалува стратешкото офанзивно оружје на таков начин што седум години по стапувањето во сила на документот и потоа, нивниот вкупен број не надминува 700 распоредени ICBM, балистички ракети SLBM), тешки бомбардери (LBT), 1.550 боеви глави, 800 распоредени и нераспоредени ракетни лансери.
-За две или три години е можно да се преговара за поамбициозен договор. Се појавија нови видови оружје и во тек е висококвалитетна трка со вооружување, рече Горбачов.
Тој истакна дека работата на нов документ треба да започне по продолжувањето на „Нов СТАРТ, кој се очекува да важи до 5 февруари 2021 година. Тој може да биде продолжен за не повеќе од пет години со заеднички договор.
ФОТО/GettyImages