26 Април, 2024
0.0319

Град Скопје ќе го намали буџетот со ребаланс, повеќе пари за зеленило

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Повеќе пари за зеленило, расчистување на диви депонии и приклучување на систем за топлинска енергија ќе се обезбедат со најавениот ребаланс на буџетот за 2018-та на Град Скопје, иако вкупните приходи во истиот ќе се намалат.

Град Скопје најави дека на претстојната седница на Советот ќе биде разгледуван Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидено намалување за вкупно 27 милиони денари. Ова значи дека наместо предвидените 4.254.000.000, Град Скопје во текот на 2018 година со овој ребаланс планира да потроши вкупно 4.227.000.000 денари.

„Овој ребаланс е подготвен во согласност усвоениот прв квартален извештај за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година. Во првиот квартал остварувањето на приходите се одвива согласно со планираното, а плаќањата на расходите се одвиваат редовно и навремено. Вкупните приходи за овој период од годината се остварени во износ од 1,1 милијарди денари што претставува 17 проценти во однос на планот за 2018 година. Се бележи зголемување од 2 проценти во остварувањето на приходите на вкупниот буџет на Град Скопје во однос на истиот период минатата година, што оди во прилог на одржување на позитивната динамика“, соопшти прес-службата на градот.

Во ребалансот кој ќе се гласа на 20 јуни, најголемите промени во вкупните предвидени средства се однесуваат на Секторот за комунални работи каде е предвидено зголемување на средствата за 67.150.000 денари, како и секторот за сообраќај каде е предвидено намалување за 104.850.000 денари.

Промени во буџетот има и во секторите за планирање и уредување на просторот ( намалување од 17,39 милиони денари), јавни дејности (намалување од 10,36 милиони денари) и локален економски развој. Незначителни промени има и во секторите за информатичка технологија и модернизација, животна средина, образование, меѓународна соработка, инспекторат како и БППЗ на Град Скопје.

Во делот на комуналните работи, како што најави Град Скопје, најголемото зголемување се однесува на реконструкција и подигнување на јавно зеленило каде се предвидени дополнителни 40 милиони денари, а за расчистување на диви депонии предвидени се дополнителни 5 милиони денари.

Во делот на капитални расходи од областа на урбанизмот предвидени се средства кои претходно не беа предвидени а се однесуваат на изградба на улица Ленинова, реконструкција на бул. Никола Карев, изградба на ул Боца Иванова, изградба, одржување и реконструкција на ул. Брадфордска, ул. Македонско косовска бригада, ул. Андон Димитров (Жарко Зрењанин), ул. Живко Фирфов, како и изградба, реконструкција и одржување на мали плоштади.

Во измените на буџетот предвидени се и дополнителни `15,5 милиони денари за основачки влог за новото АД за енергетски дејности со кое граѓаните на Скопје ќе добијат брзо и евтино приклучување на системот на топлинска енергија, како и започнување на процесот на гасификација на Скопје.


Можеби ќе ве интересира

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина