01 Мај, 2024
0.0282

Град Скопје го стегна каишот: Ќе потроши 5,7 милиони евра помалку во 2018

Објавено во: Економија 27 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

На денешната седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за Предлог за изменување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година со кој е предвидена рационализација на трошењето на буџетските средства. Во таа насока Буџетот на Градот за 2018 година ќе биде намален вкупно за 346 милиони денари.

На денешната седница Советот ќе расправа и за дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Град Скопје за 2018 година, каде се воведува нов член со кој се предвидува во случај на смрт на пожарникар, кој ќе го загуби животот при вршењето или во врска со вршењето на работата, на неговото семејство му се доделува еднократен надоместок во висина на вкупниот износ од остварените плати во последните 12 месеци.

Покрај ребалансот на буџетот на Град Скопје за 2018 година, на денешната седница Советот ќе расправа за Одлуката за давање согласност за изменување и дополнување на Инвестициона програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година. Со оваа одлука се предвидува набавка на две специјални возила за собирање и транспортирање комунален смет и странично подигнување канти со смет, со капацитет од 2200 и 3200 литри. За набавката на овие две возила се зголемува оваа ставка во Инвестициона програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година за 24 милиони денари или околу 400.000 евра. Покрај набавката на нови возила, со измените во Инвестициона програма на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје за 2018 година, во насока на зголемување на чистотата и хигиената во Скопје се предвидува и набавка на 6.000 нови корпи за отпадоци, за што се предвидени 6 милиони денари, или околу 100.000 евра.




Можеби ќе ве интересира

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?

ЌЕ ИМА ЛИ ДОБАР БИЗНИС: Кој ќе го снабдува Чаир со парно греење?