11 Април, 2025
0.0462

ПО ЦЕНА НА ПОЛИТИЧКАТА КАРИЕРА, ФИЛИПЧЕ СЕ НАФАЌА ДА ГИ НАПРАВИ УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ И И СЕ СТАВА НА РАСПОЛАГАЊЕ НА ВЛАДАТА: Еве што вели лидерот на СДСМ

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 19:42

Добивај вести на Viber

Лично преземам целосна одговорност и го преземам целокупниот товар, па дури и по цена на мојата политичка кариера, за да ги направиме уставните измени и да ги отвориме преговарачките поглавја со ЕУ и доколку Владата смета дека тоа може да го искористи, јас стојам на располагање, изјави за МИА лидерот на СДСМ, Венко Филипче во Брисел, каде денеска учествуваше на Конференцијата во организација на Програмата „Вили Брант“ за проширување на ЕУ на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД). 

- Колку повеќе време одминува и колку околните земји напредуваат, толку потешко ќе биде ние да фатиме чекор со нив во следниот период. Социјалдемократскиот сојуз во секој еден момент, во која било форма што Владата ќе ја постигне согласно нивното ветување, кое што сега гледаме дека очигледно ќе биде едно од ветувањето кое што нема да го исполнат, а тоа е да ги подобри нашите позиции во делот на преговарачката позиција со Европската Унија, ние ќе го поддржиме тој план, нагласи Филипче. 

Тој додаде дека Социјалдемократскиот сојуз ќе биде секогаш тука да ги поддржи сите процеси коишто значат развој на земјата и подобар и поквалитетен живот на граѓаните.  

- Ние можеме да разговараме за некакви ад хок решенија, меѓутоа сите тие решенија се краткотрајни. Вистинскиот напредок, вистинскиот прогрес, вистинските резултати, тоа што граѓаните сакаат да го видат, се темелат на зајакнување на правосудството, подигнување на стандардот, а со тоа и со сериозна борба со корупцијата во нашата земја, зајакнување на сегменти, како социјалата, образованието и здравството - впрочем тоа се барањата на граѓаните. А тоа може да се направи само исклучиво преку процесот на евроинтеграција, истакна лидерот на СДСМ. 

Филипче нагласи дека гледајќи со какви предизвици се соочува Западниот Балкан, Групата на социјалистите и демократи, односно на сестринските партии на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, го организира денешниот настан во Брисел за даде една посебна поддршка од страна на социјалистичките и демократските партии во Европа на сестринските партии во регионот за да се забрза или засили патот на евроинтеграцијата. 

- За жал чувството кога седиме на вакви состаноци е една голема фрустрација. Гледаме како околните земји кажуваат и објаснуваат како напредуваат. Гледаме што прави Албанија со која што до пред некој месец одевме паралелно на европскиот пат, а сега тие имаат конкретен план преговорите да ги завршат до Божик 2027 година и да станат земја членка на Европската Унија до 2030 година. Гледате како една интензивна работа ја носи државата напред, рече Филипче. 

Според него, ние сега не може да се пофалиме со ништо и сме заглавени во место, а актуелната Влада „ниту има идеја, ниту има желба да направи чекор напред во однос на евроинтеграциите“. 

- Јасно е што треба да се направи. Меѓународните договори мора да се почитуваат. Меѓутоа, на слатките зборови на претставниците на Владата тука повеќе никој не им верува. На сите им е јасно дека Македонија не може да оди со оваа Влада. Едноставно се нема никаква желба, ниту идеја, ниту план, додаде Филипче. 


Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Демолирана нова детска градинка во Бутел пред да биде отворена

(ФОТО) Демолирана нова детска градинка во Бутел пред да биде отворена

„Кој е следен?“ протестираше пред Влада: Не е важно кои сме, туку што бараме!

„Кој е следен?“ протестираше пред Влада: Не е важно кои сме, туку што бараме!

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Апасиев: Како е можно сите што му ја намалиле казната на Пајазити да бидат Албанци

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Заменик-министерот Ристески: Ме касна куче, ама не земав пари

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат

Инвеститор градејќи нова зграда во Ѓорче Петров, им урна ѕид на станари, општината ги повика да тужат

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

Тошковски: Организаторите во измамата со брзи кредити по итна постапка ќе бидат спроведени пред суд

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

МВР објаснува: Кривичните пријави „за организирање отпор“ се за непочитување на седумдневната жалост

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

Казна за кланица која испуштала крв во река во Струмица

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник

Тензии во Кочани, во понеделник се бира в.д. градоначалник