ПОСЛЕДНАТА ЖРТВА БИЛА ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОД САМИОТ ПОЧЕТОК: Александар Гавриловски бил со 35 проценти изгореници од трет степен, изгореници имал и на дишните патишта

Објавено во: Македонија 07 Април, 2025 16:23
Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ја зеде 61-та жртва. Почина и вториот пациент кој се лекуваше во Литванија, а беше во критична состојба уште од почетокот, соопшти денеска министерот за здравство Арбен Таравари.
Како што посочи министерот, 29-годишниот Александар Гавриловски бил упатен од Градска болница на 17 март во тешка состојба, додека од 4-ти април неговата состојба почнала да се влошува.
– Жална вест, сакам да информирам дека денеска во 11 часот почина и вториот пациент којшто се лекуваше во Литванија, 29-годишен којшто беше во критична состојба уште од почетокот. Беше упатен од Градска болница на 17-ти март. Неговата состојба беше тешка, а од 4 април се влошуваше уште повеќе, додека од вчера беше на дијализа, изјави Таравари.
Посочи дека Гавриловски бил еден од потешките пациенти, со 35 отсто изгореници од трет степен, како и изгореници во дишните патишта.
– Александар Гавриловски имаше 35 посто изгореници од трет степен, изгореници во дишните патишта и беше еден од потешките пациенти. Другите двајца засега се критични, но во стабилна состојба. Се надеваме да бидат подобри, рече Таравари.
Ова е вториот пациент којшто почина од вкупно 193 кои што се лекуваа надвор од државата, додаде министерот, истакнувајќи дека уште двајца пациенти и понатаму остануваат критични.
Во моментов надвор од државата се лекуваат вкупно 66 пациенти, додека во земјава десет пациенти.
– Во моментов вкупно 66 пациенти се лекуваат надвор од државата, а во земјава 10 пациенти. Останатите пациенти, освен двајцата критични нема други потешки. Се надеваме дека нема да имаме други лоши вести, рече Таравари.
Можеби ќе ве интересира
ВМЕШАНО Е И СЛУЖБЕНО ЛИЦЕ ОД ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО: Обвинителството поведе истрага против 43 лица за измами со брзи кредити

ГОРЕА ДВЕ ВОЗИЛА И ФАСАДА ОД ЗГРАДА: МВР со детали за пожарот кај Клинички

„НИЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ЧЕКОР ПО ЧЕКОР ПРИСТАП КОН ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗЕМЈИТЕ КАНДИДАТИ“ - новата Влада во Германија смета дека мора да им се помогне на земјите од Западен Балкан

ГОЛЕМ ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР - екипите се на терен

ПРЕНАТРУПАНОСТ, НЕДОВОЛНО ЗАТВОРСКА ПОЛИЦИЈА, МИНИМАЛНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА...Што се констатирала Ревизија во затворите ширум земјава?

ИМА ИЛИ НЕМА ПОМОР НА РИБИ ВО ДОЈРАНСКОТО ЕЗЕРО? Еве што вели градоначалникот

ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО ИСЧЕЗНАТИОТ ЖИТЕЛ НА СТЕПАНЦИ - во потрагата се вклучуваат извидници и ловци

„КАКО КЛУЧЕН И РЕШИТЕЛЕН ФАКТ ГО ЗЕМАА НЕГОВИОТ ЛАЖЕН ИСКАЗ“: Апасиев по одлуката на Уставен суд најавува нова пријава

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ БРАН ОД ЈУГ: Сепак, повремено ќе има локален дожд и силен ветер!
