16 Јануари, 2025
0.0286

ГРАДЕЖНИШТВО И ИНФРАСТРУКТУРА: Австриски компании бараат македонски фирми за соработка!

Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора на Австрија организираат Бизнис-средба и презентација на австриски компании во областa градежништво и инфраструктура. На средбата претставници на компаниите ќе можат да остварат директни контакти со австриските колеги, да разменат искуства, и да воспостават натамошна деловна комуникација. На средбата ќе бидат присутни и претставници на државните компании или институции кои се одговорни снабдување со вода за пиење, отпадни води, наводнување, одводнување, атмосферски води, патна и железничка инфраструктура особено за поставување на безбедносни систем за задржување, бариери за заштита од бучава и сообраќајни знаци, рехабилитација и санација на патна инфраструктура. Презентацијата и деловните средби ќе се одржат во среда на 5 ноември 2014 година,во Стопанската комора на Македонија. Повеќе информации на следниот ЛИНК Како што најави неодамна Герхард Шлатл, трговско аташе при Амбасадата на Австрија, токму овие сектори се детектирани како дел од приоритетните за Македонија. Притоа, соработката нема да се ограничи само на проекти поддржани од ЕУ, како што се коридорите 8 и 10, туку напротив, ќе се прошири и на други, поддржани од финансиски институции како Светска банка. - Со оглед дека моментно е актуелен ИПА 2 фондот концентриран на градежништвото и инфраструктурата, нашата цел е да донесеме австриски фирми кои ќе се обидат да ги пренесат своите технологија и знаење во Македонија. Работите тука се подобруваат, македонските компании покажуваат се поголем интерес и потреба за софистицирана технологија, истакна Шлатл . Според него, од австриските компании кои главно бараат дистрибутери, фирми за сервис или соработници со кои заедно би учествувале на локални тендери, досега 50 отсто успеале да најдат долгорочни партнери во Македонија, пред се, во делот на индустријата за храна и екологијата. Австрија е една од водечките инвеститори во Македонија. Приливот на директни инвестиции од Австрија во Македонија изнесува 484,3 милиони евра за периодот од 1997 до 2013 година.

Можеби ќе ве интересира

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата

ДИРЕКТОР НА КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ ПРОНЕВЕРИЛ ПОВЕЌЕ ОД 14.000 ЕВРА: Обвинет е за проневера во службата