Градоначалникот на Белград купил вила во Трст за 820 илјади евра - НЕ БИЛА ПРИЈАВЕНА

Објавено во: Балкан 27 Јануари, 2023
Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ, се најде на удар бидејќи не ја пријавил вилата што ја купил во Трст во 2018 година за 820.000 евра во Агенцијата за спречување на корупцијата, па опозицијата бара негова оставка поради прекршување на законските обврски.
Поранешниот ватерполист и еден од најдобрите играчи во светот, потпретседател на Централниот комитет на владејачката Српска напредна партија (СНС), на чии предлог беше избран за градоначалник, бил претседател на општината Нов Белград во време на купувањето, и кога всушност живеел и работел во Белград.
Тој купил вила во Трстанската населба Вила Опицина врз основа на неговата регистрација за престој во Трст, и судејќи според договорот, имал намера да ја искористи даночната поволност во Италија која овозможува намалување на данокот при купување недвижен имот, објави Балканската истражувачка мрежа ( БИРН), во чиј текст е започната уште една афера поврзана со името на Шапиќ.
Шапиќ е обвинет и дека кршејќи ги прописите и без одобрение за градба изградил куќа во која има седумсобен стан од 340 метри квадратни, со вкупно 403 метри градежна површина, а дополнително противправно легализирал доградба во белградската населба Бежанијска коса.
Шапиќ се најде во центарот на новата афера кога БИРН, по увидот во италијанскиот катастар, утврди дека имотот е на негово име, но дека имотот не е заведен во регистарот на имот и приходи на Српската агенција за превенција од корупција, на кој јавните функционери се должни да ги пријават сите промени во имотната состојба во рок од еден месец.
Според податоците од документот на италијанскиот катастар, како што наведува БИРН, вилата на Шапиќ е со вкупна површина од речиси 400 метри квадратни, а во купопродажниот договор од мај 2018 година било наведено дека Шапиќ за неа платил 820.000 евра.
Во договорот, исто така, се наведува дека Шапиќ во тоа време имал живеалиште на друга адреса во Трст, врз основа на која можел да ја користи законската опција за даночни олеснувања, позната во Италија како ослободување од „првата куќа“, според БИРН.
Италијанскиот адвокат Ливио Нери, член на Здружението за правни студии за имиграција, изјави за БИРН дека престој во Италија може да добие само странец кој живее во местото каде што аплицирал и кој мора да покаже намера трајно да остане таму, што е услов за користење на даночниот кредит за првата куќа.
Две спорни прашања
Шапиќ досега не одговорил на ниту едно од најмалку две спорни прашања - зошто ја игнорирал законската обврска да ја пријави својата вила во Италија како јавен функционер и врз основа на која добил престој во Трст, со оглед на тоа што е 2018 година, а пред тоа живеел во Белград и ја извршувал функцијата претседател на општина Нови Београд.
Во меѓувреме, имаше бран барања од опозицијата и невладините организации Агенцијата да го истражи „случајот вила“, а доколку се утврди дека е прекршена регулативата, од Шапиќ ќе се бара да поднесе оставка од функцијата градоначалник на Белград.
Индекс
Можеби ќе ве интересира
Курти: За членството во Советот на Европа, Косово веќе го има потребниот број гласови

СЕ СТРЕСЕ РОМАНИЈА: Земјотресот го почувствуваа и во Србија

Туристи од Ќустендил откажале патување во Македонија стравувајќи од каменување на автобусите

ТРАГЕДИЈА ВО ЦРНА ГОРА: Баба со внукот скокнала во реката Морача

ЗОШТО ИСЧЕЗНАА ТРОЈЦА МАЖИ ВО ДУНАВ? Еве што тргнало наопаку!

ЕКСПЕРТИ ЗА СОСТАНОКОТ ВО ОХРИД: Еу покажа дека нема легитимитет!
