05 Мај, 2024
0.0270

Градоначалникот на Град Скопје и Советот контролираат 200 милиони евра

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Вкупниот реализиран буџет на Град Скопје, претходно усвоен од Советот, во 2020 бил точно 100 милиони евра, но градската власт има индиректно финансиско влијание и преку дејностите на неколку јавни претпријатие чиј основач е. Субвенциите кои Град Скопје ги доделил кон нив е нешто повеќе од 14 милиони евра, додека поголемиот дел од дејноста на комуналните друштва се должи на самофинансирачки буџети кои ги остваруваат од сопственото работење. Таму се и поголемиот број на вработени кои се под индиректна надлежност на Град Скопје. Грубата пресметка е дека во овие јавни претпријатија годишно се вртат 100 милиони евра.

„Водовод и канализација - Скопје“ е финансиски најстабилно претпријатие на главниот град, а годишниот буџет е целосно самофинансирачки, односно без интервенции од државата и Град Скопје. Во 2020 „Водовод“ остварил приходи од 1,6 милијарди денари, или 26 милиони евра. Добивката на претпријатието била 85 милиони денари, или околу 1,4 милиони евра. Приходите за една година се зголемиле за 10 отсто, а добивката е поголема за 36,37 проценти споредено со 2019.

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) исто така има еден од најголемите буџети, но истиот е зависен од интервенциите од државата и од Град Скопје. Вкупните приходи во 2020 изнесувале 1,68 милијарди денари, но 715 милиони денари биле помош од Град Скопје и Министерството за образование и наука. Сумирано, ЈСП Скопје во 2020 располагал со повеќе од 27 милиони евра. Слични биле и приходите во 2019, но тогаш поддршките однадвор биле двојно помали, затоа што пред периодот на корона-кризата наплатата била многу поголема.

ЈП Комунална хигиена во 2020 остварил вкупни средства од нешто помалку од 22 милиони евра. Финансиите се поголеми за 75 милиони денари споредено со 2019. Град Скопје исплатил поддршка од 68 милиони денари, а Владата 21 милион денари кон ова претпријатие минатата година. Поголемиот дел од финансиите, околу 11 милиони евра, се од сметките кои домаќинствата му ги плаќаат на ЈП Водовод и канализација, но околу 7,2 милиони евра се наплатени од стопанството за подигањето смет. На претпријатието со приходи од Град Скопје му биле дадени и специјални комунални возила од 500.000 евра. Добивката пред оданочување на крај била 75 милиони денари, или останале непотрошени 1,25 милиони евра.

Претпријатието „Паркови и зеленило“ во 2020 имало на располагање 550 милиони денари, односно околу 9 милиони евра, од кои поголемиот дел од средствата доаѓаат од „Водовод и канализација - Скопје“, а остатокот е претежно од самиот град.  Од таму биле префрлени 260 милиони денари. „Паркови и зеленило“ ја потрошило целата сума од буџетот, кој се зголемил за 90 милиони, или за 1,34 милиони евра во однос на една година претходно.

„Улици и патишта“ остварува 6,7 милиони евра минатата година, а добивката е 11 милиони денари. Приходите се зголемиле за една година за 125.000 евра. Главното финансирање се парите од Град Скопје, а треба да се каже дека се зголемиле и трошоците по сите основи за дури 36 отсто.

Јавното претпријатие „Дрисла“, кое Град Скопје од почетокот на 2020 го врати под своја сопственост, според финансискиот план за 2021, очекуваните приходи лани биле 4,6 милиони евра, а добивката треба да биде 40 милиони денари. Оваа година се очекува уште поголема добивка од 73 милиони денари. Депонијата се финансира од сопствената дејност, а субвенциите од Град Скопје биле само 20 милиони денари.

ЈП Градски паркинг е финансиски најслабото претпријатие основано од Град Скопје. Минатата година забележало приходи од само 2,74 милиони евра, што е помалку за 800.000 евра во однос на една година претходно. Паричните субвенции што ги добило претпријатието изнесувале само 7,5 милиони денари. „Градски паркинг“ е единственото што сработило со загуба, а минусот бил 500.000 евра. Ова се должи најмногу на двојно поголемите трошоци за плати и надоместоци на вработените. Ако во 2019 тие биле 115 милиони денари, во 2020 изнесувале 127 милиони, иако се намалил обемот на работа.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

НОВ СКОК НА ЦЕНИТЕ НА ХРАНАТА ВО АПРИЛ - најскапо месото

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

ПАДНА СПОГОДБА - Џонсон и Џонсон ќе плати 6,475 милијарди долари по многубројните тужби за добиен рак од нивната пудра

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„ПЛАТАТА НА КЕЛНЕРИТЕ ВО ХРВАТСКА 1.200 ЕВРА, ВО АВСТРИЈА 3.000 ЕВРА“: ќе работат само луѓе од трети земји

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

„Да се напушти вештачкото надувување на капиталните инвестиции“: еве што велат економистите за изборните ветувања на партиите

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?