Градоначалникот на Јоханесбург загина во сообраќајна несреќа
Објавено во: Свет 19 Септември, 2021
Градоначалникот на Јоханесбург, Џолиде Матонго загина денеска во сообраќајна несреќа на 46-годишна возраст.
Претседателот на Јужноафриканската Република, Сирил Рамафоза, му оддаде почит на загинатиот градоначалник на Јоханесбург.
Матонго водеше кампања со Рамафоса пред да се случи сообраќајната несреќа.
Тој стана градоначалник на Јоханесбург неодамна, на 10 август, по смртта на неговиот претходник поради компликации со Ковид-19.
Локалните медиуми објавија дека тој бил син на мигрант од Зимбабве и се борел против апартхејдот од 13-годишна возраст.
Извор МИА