Добивај вести на Viber
Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески најави дека има намера да воведе ред на охридските плажи. Тој признава дека до него дошле поплаките на туристите кои се жалат на високите цени на услугите, но и на непочитување на обврските на концесионерите кои ги држат под концесија охриските плажи.
Посебно, тој потенцира дека се прекршува одредбата со која концесионерот треба да остави 60% слободна површина на плажата, без лежалки за кои ќе наплаќа. Наместо тоа, дел од концесионерите целосно ги прекриле плажите со лежалки.
„Толеранција на самоволието, нередот, насилничкото однесување и непочитување на законот нема да има додека сум јас на власт. Сите оние концесионери на плажи кои упорно го кршат законот, ќе бидат сакнционирани, ќе се поднесат соодветни пријави, а ќе бидат раскинати и договорите за закуп на плажите, кои пак потоа повлекуваат други последици за нив“, се закани Бакрачески.
Тој најави дека отстапки во почитувањето на законите нема да има.