Градот Скопје го менува Статутот, ќе формира Совет на млади
Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2014
„Млади се жители на градот Скопје на возраст од 15 до 30 години живот. Советот на млади се состои од: 5 претставници од невладини организации и здруженија на млади и други регистрирани облици на организирање на младите, 2 претставника од ученички совети, 2 претставника од студентски совети и 2 претставника од Советот на Град Скопје. Ваквиот пристап истовремено значи и афирмација и потврда на веќе докажаниот пристап во почитување на принципите на уставност и законитост како трајна определба во работа на органите на Градот Скопје. Советот на млади на Град Скопје преставува советодавно тело на Град Скопје, заради поттикнување и овозможување активно вклучување на младите во јавниот живот на Градот Скопје. Во Советот ќе членуваат млади, жители на Градот Скопје на возраст од 15 до 30 години живот. Советот на Град Скопје може да разреши член на Советот на млади и пред истекот на мандатот на лично барање, ако наврши 30 години живот, ако отсуствува од седниците на Советот на млади, неоправдано три пати едно по друго, и ако со правосилна судска пресуда е осуден на безусловна казна затвор во траење подолго од шест месеци“, стои во образложението на Градот Скопје.Членовите на Советот ќе се избираат на секои две години, седници треба да одржуваат најмалку еднаш во два месеци. Начинот на работа на Советот на млади поблиску се утврдува со деловник за работа на Советот на млади. Од градот посочуваат дека Советот на млади треба да донесе програма за работа најдоцна до 30 ноември во тековната година, за наредната година, и да ја доставува до Советот на Град Скопје за согласност. Програмата треба да различни активности значајни за положбата на младите, како на пример креирање и следење на локалната програма за работа на младите, соработка со другите советодавни тела на Македонија и странство, консултирање со организации на младите за теми значајни за младите, соработка со телата во Градот Скопје во креирање и реализација на политиката кон младите. Според образложението од Градот, Советот на млади на Град Скопје е планирано расправа за прашања значајни за нивната работа, прашања кои се од интерес за работата на младите, да предлага програми и други акти од значење на младите на градот Скопје, да расправа за прашања кои се од значење за унапредување на положбата на младите и решавање на нивните проблеми, да изработува извештаи до надлежните органи за проблемите на младите, а по потреба предлага донесување Програми за отстранување на настанатите проблеми и подобрување на положбата на младите на локално ново, друго што е од интерес на младите. За Предлог одлуката за формирањето на Советот на млади, градските советници ќе расправаат на денешната седница на Советот на Град Скопје. Ј.С.