16 Јануари, 2025
0.0301

Градот Скопје ќе помогне за изградба на новата градинка во Капиштец

Објавено во: Македонија 11 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Владата на Република Македонија на последната седница донела одлука за давање на право на трајно користење земјиште кое е во сопственост на Република Македонија на Општина Центар со цел изградба на детска градинка. „Станува збор за локација во населбата Капиштец, предвидена со Детален урбанистички план за населба „Капиштец", донесен од 21.12.2012 година од Советот на Општина Центар. Согласно ова, градежната парцела бр 7.4 е предвидена за изградба на објект В2 - Здравство и социјална заштита (детска градинка). Површината на парцелата изнесува 5.320 квадратни метри. На оваа локација во моментов се наоѓа детската градинка ЈДУГ „Кочо Рацин", којашто е во сопственост на општина Центар и на местото на матичниот објект е предвидена изградба на новата детска градинка“, изјави министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Градоначалникот Коце Трајановски вели дека Градот Скопје ја поздравува оваа иницијатива, која е по барање на жителите на Капиштец. „Градот Скопје изградбата на овој објект ќе ја помогне со ослободување на обврската на Општина Центар од плаќање на надоместокот за уредување на градежно земјиште за оваа детска градинка. Со ова Градот Скопје ќе ја помогне изградбата на овој објект кој е од јавен интерес и е од исклучителна важност за Градот Скопје, општина Центар и населба Капиштец“, кажа Трајановски. Министерот Јанакиески и градоначалникот Трајановски дадоа целосна поддршка за овој проект и упатија апел до Општина Центар да ја започнат што поскоро  изградбата на овој важен инфраструктурен објект. Ваквата одлука ја поздрави грдоначалникот на Центар Андреј Жерновски. „Со ова продолжува традицијата за ослободување од комуналии на сите објекти кои се од општ интерес (градинки, училишта, болници и универзитети). Освен градинката, како што им ветивме на жителите на општина Центар, ја започнавме процедурата за изградба и на ново училиште. Се надевам дека истата кооперативност со Владата на РМ и со Град Скопје ќе ја имаме и во процесот на изградба на ова ново училиште. Очекувам Министерството за транспорт и врски согласно законската процедура и обврски да ја заокружи процедурата за доделување на целото неизградено градежно земјиште во владение на општина Центар“, се вели во писмената изјава на Жерновски

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката