16 Јануари, 2025
0.0277

Граѓани му се пожaлија на Жерновски дека не сакаат барок на нивните фасади

Објавено во: Македонија 06 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на Центар Андреј Жерновски денеска прими кај себе група граѓани кои не се согласуваат со промена на фасадите на нивните згради во барок-стил. Овие граѓани кои не сакале нова фасада, се пожалија дека неодамна добиле „заканувачки писма од Градот Скопје“ дека имаат 10 дена да се премислат, затоа што нивниот објект е дел од Програмата за реконструкција на фасади во централното градско подрачје. Еден од жителите кои живеат на улица Македонија, Владимир Вангелов вели дека она што тие го бараат е енергетски ефикасна фасада. „Промената само на предната страна на фасадата нам ништо не ни значи. Овде се работи за приватна сопственост и сами проценете дали ова писмо што го добивме од Коце Трајановски е писмо од еден градоначалник. Ова за нас е суптилен политички притисок. Три пати прегласувавме во Центар, дали треба и сега три пати да го искажеме нашиот став? Заморени сме од барокот, дајте ни можност сами да си одлучиме како ќе изгледа нашата зграда“, ијави по средбата Вангелов. Жерновски им ветил дека тој и општината се отворени за сите иницијативи на граѓаните и дека се подготвени да влезат со реконструкцијата на фасадите според проектот кој што го реализира општината, а се однесува на енергетски ефикасни фасади. „Ако влеземе како општина, се разбира – доколку тоа го сакаат граѓаните, нема да има барок. Моја максима е – барокот далеку од општина Центар. Доколку ние го реализираме ова, тоа ќе биде како и во сите други згради кои добија енергетски ефикасни фасади, а тоа е реконструкција од сите четири страни, а не како што нуди Град Скопје – само на предниот дел. И тука ќе го задржиме автентичниот изглед на зградата, а мотив повеќе за ова е фактот дека овој дел до пред извесно време бил споменична целина“, вели Жерновскки.

Можеби ќе ве интересира

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

ТРАГЕДИЈА: Mладо момче доживеа струен удар на цистерна-вагон во Кисела Вода

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

НАПРАВЕНА Е ПРОЦЕНКА: Колку вредат плацевите на Груевски?

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ЛЕВИЦА: Интерпелацијата за Даути е успешна - Гаши да го одблокира Законот за бранителите

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ВАСКО КИЧЕВСКИ СО ЕКСТРА ПОНУДА: Кој сака на ракомет во Хрватска нуди сместување и две карти за 300 евра

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

ПАК СМРТЕН СЛУЧАЈ НА ДЕТСКА КЛИНИКА – ПОЧИНА ДЕВЕТГОДИШНО ДЕТЕ: Имало цревна инфекција!

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Обвинение против две лица за убиство и мачење на кучето Феликс

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

Познато со кои соработници на Трамп ќе се сретне Мицкоски во Вашингтон, со дел од нив веќе имал средби

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

ПОЛИТИЧКИ И БИЗНИС КРЕМ НА ТРИБИНИТЕ НАВИВАШЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ВАРАЖДИН - дури и Америка со поддршка

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката

„НЕ МОЖЕШ ДА МЕ ДРЖИШ НА СИЛА, ГОСПОДИНЕ ГАШИ!“ Даути бараше да ѝ се дадат 15 минути да ја образложи оставката