20 Декември, 2025
0.0514

Граѓаните сакаат Македонија да бара друга алтернатива, ЕУ не е најдобра

Објавено во: Македонија 11 Ноември, 2016 14:50

Добивај вести на Viber

Високи 47,4 проценти од македонските граѓани велат дека Европската унија не е најдобра алтернатива за земјава и дека подобро би било Македонија да бара сопствен модел на развој надвор од ЕУ. 

Меѓутоа 59,3 отсто од граѓаните велат дека членството на Македонија во ЕУ би била добра работа .

Што се однесува до причините кои го кочат влезот на Македонија во европското семејство 37,3 отсто сметаат дека виновник е спорот со името, додека пак 36,5 отсто сметаат дека Владата го користи спорот за името со Грција како изговор за да не спроведува реформи.

Анкетата која ја спроведе агенцијата М-Проспект, на прашалник подготвен од страна на Македонскиот центар за европско образование покажува дека 59,9 проценти сметаат дека ЕУ треба да игра сериозна улога во разрешувањето на моменталната политичка криза во Македонија, а 31,1 отсто пак сметаат дека Извештаите на ЕК за напредокот реално ја отсликуваат состојбата во Македонија.

Македонија ќе стане дел од ЕУ после 20 години или пак никогаш сметаат над 30 проценти од испираните граѓани, додека пак 18,7 проценти се оптимисти и се надеваат дека ќе станеме дел од ЕУ во наредните пет години. 

Голем е процентот и на оние кои би поддржале влез во унијата ако референдум има во недела. Позитивно би одговориле 69,44 отсто, а 20,98 проценти би се изјасниле дека се против влегувањето во Унијата.

Можеби ќе ве интересира

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Загина работник од Аллбанија, му паднала машина додека работел на трафостаница

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Отежнет патен и авио сообраќај во Македонија

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

Поднесено обвинение пртив Сашко Јанчев, пратеникот на Левица, за сообраќајка со смртни последици

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него