08 Мај, 2024
0.0261

Граѓаните се гушат во загаден воздух, превентива место препорака!

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2016

Добивај вести на Viber

Секоја година иста песна. Дојде ли ноември, почне ли грејната сезона во главниот град воздухот е неподнослив, а надлежните спијат.

Бадијала се сите препораки кога истите не се применуваат а сивилото над градот повторно се надвисна.

Со години наназад Скопјани ја плаќаат цената на загадениот воздух.

Мерните станици во Скопје и уште неколку градови во внатрешноста веќе со денови детектираат алармантни концентрации на отровни материи во воздухот. Опасните ПМ-честички некаде се дури за десет пати зголемени, а надлежните наместо да применат нешто тие уште се бавтосуваат со препораки.

Од Град Скопје велат дека продолжуваат во континуитет со своите редовни активности во насока на намалување на загадувањето на воздухот и ги повикуваат граѓаните да се придржуваат до дадените мерки со што ќе дадат личен придонес за подобар квалитет на воздухот во градот, што е заедничка потреба и цел кон која сите заедно треба да се стремиме.

„Настанатата состојба е резултат на загадувањето на воздухот, но, пред се, на стабилната временска состојба, карактеристична за Скопската котлина во студениот дел од годината, заради што Градот Скопје е во редовен и постојан контакт со Управата за хидрометеоролошки работи  и за секоја настаната промена на состојбата редовно ќе ја известува јавноста“, се правдаат од кабинетот на градоначалникот.

Спасот од загаденоста, според експертите, е во сериозни мерки, а не во препораки. Но за ефикасен одговор потребна е координираност и ефикасност што на овој план изостанува:

„Постојат прописи, планови, документациски сме подготвени, но имплементацијата никако да профункционира. Секој ја префрла вината на некој друг и никој не може да направи еден интегрален чекор напред кон подобрување на состојбите. Мерките се привидно скапи, но дефинитивно поевтини од здравствените ефекти. Мерките се акции кои треба да се преземат континуирано, а резултатите нема да се добијат веднаш, туку после месеци и година, што очигледно дека не е атрактивно за оние кои што треба да ги преземат. Затоа топката се префрла и нема систематско делување во сите сегменти, во делот на урбаната политика, создавањето зелени зони, сообраќајот“,  вели Драган Ѓорѓев, од Институтот за јавно здравје за Дојче Веле.

Сепак, и граѓаните треба да се вклучат во намалување на загаденоста.

Потребно е самите граѓани да ги сменат навиките и начините, посебно во делот на греењето, сообраќајот и слично. 

Можеби ќе ве интересира

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

До 17 часот на претседателските избори гласале 42,32 отсто од гласачите, на парламентарните 46,93 проценти

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ПЕТ ЛИЦА ОД АЛБАНИЈА ПОВРЕДЕНИ ОТКАКО СО ВОЗИЛОТО ИЗЛЕТАЛЕ ОД ПАТОТ - несреќата се случила утрово во близина на Радожда

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

ОБВИНИТЕЛСТВО: Поднесена е пријава за поткуп во Велес за две лица

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

МВР: Имаме пријави за агитирање во Тетово, Скопје, Куманово, Баница, Боговиње, но тие наводи досега не се потврдени

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

БАЈРАМИ: Наводите за поткуп ќе се проверат и ако има докази, ќе следи обвинение

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ПРЕСЕК ДО 11 ЧАСОТ: Најслаба излезност во ИЕ 6

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ДО 11 ЧАСОТ: 12,87 oтсто за претседателските, 13,69 отсто за парламентарните избори

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

ОДЗИВ ПО ИЗБОРНИ ЕДИНИЦИ: Најслабо е во шестката

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач

РАДУША: Дупнати гумите на возилото на еден набљудувач