19 Јануари, 2025
0.0900

„ОВОЈ ПРАЗНИК ПОЧНА ДА СЕ СЛАВИ КАКО ДРЖАВЕН И НЕРАБОТЕН ВО ВРЕМЕ НА ВЛАДАТА КОЈА ЈА ПРЕДВОДЕВ“ - се огласи Никола Груевски

Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Се огласи Никола Груевски. 

Овој празник во Македонија започна да се слави како државен празник и неработен ден за сите граѓани христијани од 2007 година, кога владата која ја предводев го предложи, а парламентот на 14 февруари ја усвои измената и дополната на Законот за празници. Еве зошто. Богојавление е еден од најстарите христијански празници, кој датира дури и пред прославата на Божиќ која се воспоставува во 4 век. Корените на празникот Богојавление може да се проследат до раните векови на христијанството кога после Велигден, е најважниот христијански празник во раното христијанство. 

Најраниот дефинитивен доказ за Богојавление како христијански празник датира од 361 година, споменат од римскиот историчар Амијан Марцелин (330-391/400 год), значаен римски историчар кој живеел во 4-от век од нашата ера. Амијан Марцелин се смета за исклучително важен извор за историјата на доцната Римска Империја. Неговото дело се истакнува по точноста и објективноста. Иако самиот бил паганин, тој покажувал толерантност кон христијанството. Тој го споменува овој празник без да дава детали за неговат содржина. 

Иако ова е најраниот дефинитивен доказ, постојат и порани индикации за прославување на Богојавление. На пример, Климент Александриски (150-211/215 год.), истакнат христијански теолог, филозоф и црковен отец кој живеел и творел во Александрија, Египет, во 194 година пишува за прославување на крштевањето на Исус од страна на одредени гностички секти. Климент Александриски пишува за прославата на Богојавление околу 194 година во своето дело “Stromata”. Тој споменува дека следбениците на Василид го прославувале денот на Крштевањето на Исус, поминувајќи ја целата ноќ пред тоа во читање на Светото Писмо. 

Климент не споменува слична прослава во својата црква. Тој само известува за практиката на следбениците на Василид, кој се смета за еден од најзначајните рани гностички мислители, чии следбеници биле гностичка секта, која иако била осудена како еретичка од главната црква, опстанала до 4 век во Египет. Нивните идеи извршиле значително влијание врз развојот на гностицизмот и подоцнежните езотерични традиции. Ова е најраното познато споменување на прославата на Богојавление во христијанската литература. Сепак, записот на Амијан Марцелин се смета за првиот јасен доказ за Богојавление како официјален христијански црковен празник. До 3-от век (според некои како што споменав уште од 194-тата година), раната Црква го воспоставила Богојавление како прослава која препознава и прославува неколку одделни настани, и тоа Христовото раѓање, Христовито крштевање, поклонувањето на мудреците и првото чудо на Исус во Кана кое се однесува на настан опишан во Евангелието според Јован, каде што Исус претворил вода во квалитетно вино на една свадба кога снемало вино, што веројатно било сериозен проблем за домаќините, и тоа го означува почетокот на неговата мисија и откривање на неговата божествена природа. 



Можеби ќе ве интересира

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МНОГУ ТАЖНА ВЕСТ: Почина 17 годишното дете кое настрада од струен удар додека се снимало на вагон од цистерна

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРУГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

МВР ЗАСЕГА СО ДОЗИРАНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА КРИМИНАЛНАТА ГРУПА ШТО ПРОДАВАЛА ДРУГА - ќе се поднесе кривична пријава против 14 лица

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

СОПСТВЕНИЧКА НА ПОЗНАТ БУТИК ЗА МОДА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИИ - „За инает ми го изгореа дуќанот и два стана“

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

ВАКА ИЗГЛЕДА НОЌНОТО СКИЈАЊЕ ВО СКИ-ЦЕНТАРОТ МИХАЈЛОВО - градоначалникот Јанчев со покана до туристите

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

МУ ГО ОГРАБИЛЕ АВТОМОБИЛОТ НА БУГАРСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО СКОПЈЕ - осомничени се двајца скопјани, еве што му било одземено

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАДЕ СЕ СЛИКАЛ ШТЕКЛИ ПРЕД ДА БИДЕ УАПСЕН - прошета многу локации, а не се ни обидуваше да се скрие од јавноста

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ЕВЕ КАКО СЕ ЧУВСТВУВАЛ ТОШКОВСКИ КОГА ГО ВИДЕЛ МИЈАЛКОВ ВО МОНТЕ КАРЛО: „Не се чувствував поинаку од другите македонски граѓани“

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога

ШТЕКЛИ ЗАД РЕШЕТКИ, ПОЛНИ РАЦЕ РАБОТА ЗА ОЈО: Уапсени се повеќе лица што продавале дрога