„НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ, ПРВО МАЛКУ РАЗГОЛЕТЕ ГО ТЕЛОТО“ - неколку совети за оние што ќе скокаат по крстот
Објавено во: Македонија 19 Јануари, 2025
Денот на кој според Христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење!
НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ!
НИКАКО НЕ КОНЗУМИРАЈТЕ АЛКОХОЛ!
Вие сте комплетно задолжени за терморегулација на вашето тело,алкохолот можи само да ви влоши.
(Шокот е здрав, доколку правилно се изведува капението)
Свесно вдишување со нос, го носите воздухот до дијафрагма(кај мешето) од таму отворате средина на стомак, па гради, а потоа и лесно го испуштате низ уста.
Првите неколку вдишувања ќе ви се избрзани и можеби на уста и тоа е нормално, не се паничи не дозволувај паниката да те обземе.
Врати се во здивот, врати се на дишење преку нос.