19 Јануари, 2025
0.0266

Граѓаните се повеќе се интересираат за своите права како потрошувачи

Објавено во: Мои пари 03 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Над 150 потрошувачи во првите шест месеци од годинава, пријавиле неправилности поврзани со декларацијата на производите, информира денеска Организацијата на потрошувачи на Македонија. Потрошувачите реагирале дека производот е со поинакви својства од оние кои треба да ги има, а дел од нив, оти одреден производ не е со наведениот квалитет во декларацијата. На денешната промотивна кампања „Ние потрошувачите имаме право да знаеме“, претседателката на Организацијата на потрошувачите Марија Велкова-Лончар рече дека по секоја организирана кампања имаат поголем број јавувања од потрошувачите кои бараат совети како да постапат во одредени случаи кога се незадоволни или имаат потреба да реагираат за производите и услугите. Министерот за економија, Ваљон Сарачини, информира дека надзорен орган каде потрошувачите можат да побараат заштита на своите права е Државниот пазарен инспекторат. - Сакам да ставам акцент посебно на транспарентното и јасно претставување на правата на потрошувачите кои произлегуваат од Законот за заштита на потрошувачи, а имаат за цел да го заштитат потрошувачот од нефер односи и непрофесионално работење на некои субјекти, од една страна, и да овозможат елиминирање на нелојалната конкуренција меѓу трговците, професионално извршување на дејноста и фер односи на пазарот од друга, рече Сарачини. На денешната кампања беше истакнато дека при купувањето на производите потрошувачите треба посебно внимание да посветат на декларацијата, гаранцијата и другите технички податоци за производот, а при склучувањето на договорите да посветат внимание на условите дадени во нив. Кампањата беше организирана од Министерството за економија, Организацијата на потрошувачите во соработка со Сити Мол.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

ВОЗИЛОТО НА БРАКО ЧИСТИ СНЕГ РАМО ДО РАМО СО ТЕШКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА НА КОМУНАЛЕЦ-НЕГОТИНО

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

На пациент од Либија за еден ден му беа извршени сите потребни прегледи во Клиника Жан Митрев

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Голем интерес за посета на атрактивните археолошки локалитети во Туркије

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Цените на 100 производи во ВЕРО се замрзнати, Министерството за економија ја поздрави иницијативата

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ