02 Мај, 2024
0.0394

РАСТ И НА ПОТРОШУВАЧКИ И НА СТАНБЕНИ КРЕДИТИ

Граѓаните се повеќе живеат на кредит

Објавено во: Економија 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Во август паричната маса (монетарниот агрегат М41 ) бележи месечен раст од 2,0%, додека растот на годишна основа изнесува 4,5%. 

Притоа, најголем придонес во месечниот и годишниот раст имаат компонентите на најликвидниот монетарен агрегат М1 (готовите пари во оптек и денарските депозити на трансакциските сметки2 ), соопштуваат од Народна банка.

 „Вкупните депозити, во август на месечна основа, остварија раст од 2,5%, а на годишна основа пораст од 4,5%, главно поради растот на депозитите на корпоративниот сектор. Притоа, годишната стапка на депозитен раст забрзува во однос на претходниот месец за 1,0 п.п. 

Вкупните кредити во август пак според податоците на НМБ беа непроменети на месечна основа, а на годишна основа стапката на раст изнесува 2,9%3 , при зголемено кредитирање на домаќинствата. 

Годишната стапка на кредитен раст минимално забавува во однос на јулската стапка.

„Вкупните депозити на корпоративниот сектор во август забележаа значителен раст од 8,3% на месечна основа, додека на годишна основа се зголемени за 11,7%. ‒ Кај вкупните кредити на корпоративниот сектор и овој месец е евидентирано минимално месечно намалување, додека на годишна основа кредитниот раст трет месец по ред е во негативната зона (-0,9% во август 2016 година). Доколку, пак, се исклучи ефектот од преносот на сомнителните и спорни побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, кредитите на корпоративниот сектор би бележеле раст од 4,7%“, стои во извештајот на централната банка.

Мал месечен и годишен раст од 0,3% и 1,0%, соодветно е забележан кај  вкупните депозити на домаќинствата, во август

„Кај вкупните кредити на домаќинствата овој месец бележиме мало месечно зголемување од 0,6%, додека на годишна основа растот изнесува 7,8%, што претставува надолна тенденција во однос на просечните стапки на раст во првата половина од годината. Со исклучување на ефектот од преносот на сомнителните и спорни побарувања од билансна во вонбилансна евиденција, годишниот кредитен раст кај домаќинствата би изнесувал 12,3%“, посочуваат од НБРМ.

Од аспект на намената на кредитите, потрошувачките кредити одобрени на физичките лица бележат месечен пораст за 0,4% и годишен пораст за 15,5%, додека станбените кредити забележаа месечен и годишен раст од 0,9% и 14,5%, соодветно.

Кај автомобилските кредити, пак, ИМА пад на кредитната активност како на месечна (за 1,9%), така и на годишна основа (за 28,7%). Кредитите одобрени на кредитни картички, како и негативните салда на тековните сметки бележат месечен пораст (0,7% и 2,8%, соодветно), како и годишен пораст (0,8% и 5,3%, соодветно). Кредитите одобрени по други основи бележат месечно намалување од 0,6%, додека на годишна основа бележат пораст од 10,1%. 

Можеби ќе ве интересира

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

ПОРАДИ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ: Колку маслиново масло произведува Шпанија?

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија