Граѓаните се жалат за картичките, стотици се уште чекаат на парите
Објавено во: Економија 17 Јули, 2020
Речиси сите приговори за домашната платежна картичка се проверени и прифатени се вкупно 18 отсто или 8.330 приговори, објави денеска, министерката за финансии Нина Ангеловска. Тие се додадени на списоците кои ги има на kupuvamdomasno.gov.mk, а банките биле известени и веќе ги печатат картичките.
„Од над 60.000 пристигнати маил пораки, 46.000 се приговори од граѓани кои сметале дека ги исполнуваат условите согласно поставените критериуми во групата. По извршените проверки прифатени се вкупно 8.330 приговори, или 4.893 млади лица 16 до 29 години, 752 невработени лица со низок доход и 2.685 вработени лица со низок доход, вели Ангеловска.
Додава дека за проверка остануваат уште 245 приговори од страна на Министерството за образование и наука и 506 приговори од Фондот за здравствено осигурување, кои треба наскоро да се завршат и усвоените приговори да се дадат за изработка на картички на банките.
Според претходниот рок до утре требаше да бидат разгледани сите приговори и да бидат испечатени и дадени картичките. Од Министерството за финансии велат дека сите кои ги исполнуваат условите од новите приговори, ќе имаат одговори следната недела. Уверуваат дека нема да има никаков проблем картичките на новите дополнително да се испечатат.
Средствата од #купувамдомашно картичките граѓаните може да ги користат до 15 ти август во хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, но и фризерници, аптеки книжарници. Македонските производи се означени на рафтовите, гондолите или со ознака “Купувам домашно”...