29 Април, 2024
0.0271

ОВА НЕ СЕ ИЗДРЖУВА: Граѓаните со протест ќе се борат против загадениот воздух кој не гуши

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Жестоките реакции од граѓаните и еколошките здруженија по алармантната ситуација со загаденоста.

Се уриваат рекорди по загаден воздух. Граѓаните во главниот град деновиве се гушеа во ПМ10 честици кои беа над дозволеното и го вклучија алармот.

Точно напладне денес се организира протест кој нема никаква политичка мотивираност а има за цел да ја подигне еколошката свест кај граѓаните.

Пред Влада во 12 часот ќе се протестира мирно и ќе се искаже револтот поради што здравјето на жителите во загените градови посебно во метрополата не се главен приоритет на надлежните кои имаа многу предизборни ветувања токму за оваа тема.

Мерките кои досега се преземени, многу малку го даваат резултатот кој на граѓаните че им донесе чист воздух.

Вчера од Владата донесоа ургентен сет мерки против загадувањето. Имено прагот на алармирање за висока аерозагаденост e спуштен.

Согласно оваа Уредба доколку среднодневната концентрација на ПМ 10 честичките е над прагот во текот на два, наместо досегашните 5 дена, е над 200 милиграми нa метар кубен, и доколку праговите се измерени на најмалку две мерни станици во градот Скопје, односно на 50% од бројот на поставени станици во било кое населено место, стапуваат на сила меркиве: - бремените жени, лицата над 60 години и хронично болните од астма и прележан инфаркт ќе бидат ослободени од работа

Градскиот превоз ќе биде бесплатен, а ќе се зголеми и бројот на автобуси, најавено е дневно чистење на улиците и пешачките површини, зголемени инспекциски контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла .

Автошколите добија препорака обуките да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот

Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот, а  градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.)

и градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Можеби ќе ве интересира

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Гаши: Избор на претседател во Собранието не е услов за коалицирање

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Мециновиќ: Подаваме рака до ВМРО - ДПМНЕ заедно да не ги потпишеме уставните измени

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

Бујар Османи: Мицкоски не одлучува кој ќе биде претставник на Албвнците

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

ПРЕНЕСУВАЛЕ ПРЕКУ ГРАНИЦА ПРАЗНИ ДОКУМЕНТИ - Македонци осудени во соседна Грција за шверц на лични карти, возачки дозволи

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

„БОЦЕВСКИ, КОЈ СМЕНИ МИЛИОНИ ПАРТИИ И ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, ЗА МЕНЕ РЕКОЛ ДЕКА НЕ СУМ ПОЛИТИЧАР“: Ванковска за изјавата на Ивица Боцевски

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

ГРУЕСКИ ЗА КОВАЧЕВСКИ: „Човекот како тотално да се одлепил од реалноста“

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

КУЌИТЕ НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ СЕ ПРАЗНИ: Соседите и роднините ги одржуваат за надомест или бесплатно

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

„ОД АВИОН СЕ ГЛЕДА ЗАГАДУВАЊЕТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО“: „Охрид СОС“ со катастрофална фотографија на загадувањето се обидува да го привлече вниманието на надлежните

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево

ВАКВО НЕШТО РЕТКО СЕ ГЛЕДА: Еве како беше пуштено осветлувањето на 63 метарскиот крст во Драчево