15 Декември, 2025
0.0813

Грчката влада задоволна од финалниот текст на предог-амандманите од македонскиот Устав

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2018 06:50

Добивај вести на Viber

Грчки владини извори за за „Скај“ и „Катимерини“ објавија дека со клучниот член од Уставот со кој македонското малцинство се перцепира како дијаспора, Скопје усвои текст кој одговара на одредбите на грчкиот устав за грчката заедница и е во духот на Преспанскиот договор.

"Привраноста на премиерот Оран Заев кон Преспанскиот договор останува. Овој развој, исто така, докажува дека договорот вклучува ефикасни заштитни мерки кои, кои по интервенциите од страна на грчката страна и меѓународната заедница, не оставаат простор за било какво погрешно толкување", заклучија владините кругови.

Во изминатите два дена премиерот Алексис Ципрас и заменик-министерот за надворешни работи, Јоргос Катругалос, предупредија дека Атина не е обврзана да го одржува договорот од Преспа ако Скопје не остане целосно посветено на Преспа.

Четирите амандмани се очекува да бидат ставени на гласање во Собранието на 15 јануари. Ова е трето и последно гласање, каде што на владата на Заев му е потребно двотретинско мнозинство, односно најмалку 80 места. Во пракса, ова значи дека повторно ќе биде потребна поддршка од осумте пратеници на опозицијата кои веќе гласаа за отворање на уставните амандмани.

Ако процесот биде завршен, договорот ќе биде поднесен на ратификација од страна на грчкиот парламент, каде што треба да се одржи гласањето во март.

Владата на Република Македонија, на вчерашната 108-ма седница, го усвои финалниот текст на предлог амандманите 33, 34, 35 и 36 на Уставот и истиот го достави до Собранието.

Како резултат на јавната расправа, измени има и во текстот на Амандманот 36 којшто сега гласи „Републиката ги штити, гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ: Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство. Републиката се грижи за дијаспората на македонскиот народ и на другите заедници и ги негува и унапредува врските со татковината. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи“

Амандманот 33 гласи: Во Уставот зборовите „Република Македонија“ се заменуваат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во член 36 од Уставот на Република Македонија.

Со амандманот 34 се вршат измени во Преамбулата – амандман 4 на Уставот на Република Македонија и тој гласи: Во Преамбулата на Уставот на Република Македонија се бришат зборовите „кои живеат во нејзините граници“, „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „правните одлуки кои се наведени во Прогласот од Првото заседание на АСНОМ до македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“, по зборот „година“ се додаваат зборовите „на кои се изрази волјата за создавање на самостојна суверена држава и Охридскиот рамковен договор“, а се бришат зборовите „одлучија да“.

Со текстот на амандманот 35, „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави“, се дополнува членот 3 од Уставот на Република Македонија. 



Можеби ќе ве интересира

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

„ВИСТИНАТА Е ДЕКА МИНАТАТА ВЛАСТ ИЗРАБОТИЛА НАЦИОНАЛНА СТРАТЕГИЈА ЗА ПРИФАЌАЊЕ МИГРАНТИ 2017-2027“: Мицкоски за темата со мигрантите

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

Стафа примил мито од 50.000 евра за да влијае кај судија

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

СЕ ОГЛАСИ ДИМИТРИЕВСКИ ЗА МИГРАНТСКИТЕ КАМПОВИ: „ЗНАМ нема никогаш да даде поддршка“

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

Крај на опасната крстосница во Аеродром: Се поставува семафор на улицата Васко Карангелески

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро

ТОШКОВСКИ ПОТВРДИ ДЕКА Е УАПСЕН ПОРАНЕШНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ФЕХМИ СТАФА: Повеќе детали најавува наскоро