19 Мај, 2024
0.0335

Грчкиот МНР по средбата со Димитров: Немаше меѓусебни покани, немаше ниту контра-одговор

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Никос Дендиас, новиот министер за надворешни работи на Грција од Владата на Киријакос Мицотакис, по самитот во Хелсинки на која ја оствари својата прва средба со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров и на која се зборување за Преспанскиот договор, ги изнесе првите впечатоци, откривајќи дека немало меѓусебни покани за посети и дека неговата земја ќе „биде строг набљудувач кон соседот“.

Во интервјуто за грчкото радио „Алфа989“ рче дека ова му го разјаснил на Никола Димитров за време на нивната средба во Хелсинки, од кој добил потврда за намерите на владата во Скопје да се придржува кон договореното.

– Сега треба Скопје, Северна Македонија да биде обврзана да го спроведе договорот. Забележувам обид да се спроведе. Забележувам и отпор од тамошниот државен механизам. За ова, ние нема да дозволиме варирања. Ова му го разјаснив на господинот Димитров. Морам да кажам дека ми потврди за намерите на владата на Северна Македонија да се придржува кон договорот каков што е, не постоеше контра одговор. За ова, имаше договор. Но, ова е нешто што го забележуваме и сакаме да го видиме. Нема да бидеме благонаклонети истражувачи, ќе бидеме прецизни набљудувачи, вели Дендиас.

Додаде дека Грција ќе ја поддржи Македонија во добивањето на Датумот за преговори со ЕУ во октомври, но само доколку земјата не варира со отстапки надвор од рамките на спогодбата од Преспа и наведе дека не биле разменети никакви меѓусебни покани со Димитров.

-– Ако, ако, ако, три пати велам ако, се придржуваат кон договореното, толкувано на строг начин. Покани во овие околности не беа упатени. Да не се лажеме со Скопје, со Северна Македонија, да се навикнеме на нивното ново име, поминавме долг период на сомнежи, разлики итн. Секако, да се обидеме да изградиме нов однос, но треба да се вложи капитал и од другата страна, ќе треба да видиме вложена добра волја и кредибилитет. Грција е тука да помогне. Ние сме европска земја на Балканот, не сме балканска земја во Европа. Ќе ја пренесеме европска перцепција и во нашите соседни земји. Но, треба и тие да ја делат оваа перцепција. Секако и Северна Македонија и Албанија сакаат да припаѓаат во Европа. Па така, еве една убава шанса да го сфатат европскиот модел и да го следат, а не да се влечат зад обиди да избегаат од она за кое што се согласиле, вели шефот на грчката дипломатија.



Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“