Грција го финализираше контроверзниот план за државните службеници
Објавено во: Балкан 27 Август, 2013 10:01
Владата на Грција го финализираше контроверзниот план за преместување на државните службеници, кој ќе влијае на илјадници вработени во јавниот сектор.
Тоа беше е еден од условите за земјата да прими средства од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.
„Донесовме конечна одлука, што ќе ни овозможи според план да го спроведеме преместувањето на 12.500 државни службеници до крајот на септември“, изјави грчкиот министер за административни реформи Киријакос Мицотакис, пренесува „Франс прес“.
Според најновиот план, работниците мора да ги прифатат работните места кои ќе им бидат понудени или да поминат осум месеци со помала плата и да се обидат да најдат ново работно место.
Во замена за добивање на наредната рата од спасувачкиот пакет, Грција се согласи со преместување на 12,500 државни службеници до крајот на септември и уште 12,500 од нив до крајот на годината, како и со отпуштањето на 4.000 вработени во јавниот сектор до крајот на оваа година.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




