08 Мај, 2024
0.0255

ГРЦИЈА ЌЕ БИДЕ НА ШТРЕК: Ги засега Договорот од Преспа и случувањата кај нас

Објавено во: Македонија, Балкан 21 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за енергија и животна средина, Костис Хаѕидакис во интервју за грчката телевизија Скај во однос на ситуацијата во земјава, вели дека случувањата во Северна Македонија на некој начин треба да ги држат во одредена будност,  jави дописничката на МИА од Атина.

Додаде  дека Атина ја поддржува европската перспектива на Скопје.

Повтори дека актуелната Влада не се согласува со Договорот од Преспа, но како меѓународна спогодба мора да ја почитува. 

„Не го сакаме договорот, но рековме дека ќе го почитуваме и ќе се бориме за колку е можно повеќе да го подобриме. Но, не рековме дека не сакаме европска перспектива на Скопје. Кажавме дека сакаме под услови и предуслови, доколку Скопје се усогласува со европското законодавство“, вели грчкиот министер.

За тоа дали евентуалниот развој на настаните кај нас би го ставил во опасност Договорот од Преспа, Хаѕидакис објасни дека станува збор за меѓународен договор што е на сила, а тоа ги обврзува и Скопје и Атина.

Македонија не доби датум на самитот во Брисел, а на 12 април ќе има избори. 

Попис нема да има, иако претходно беше најавено, и следните месеци, земјата влегува во неизвесност. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Денеска гласаа болните и затворениците

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ЛЕТОЦИ ВО ЧАИР: Пишува „Ако си муслиман, не гласај“

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Лични документи можат да се подигнат и утре

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

ТАМУ БИЛ ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ: Неколку мажи се обиделе да ја отворат предната врата и капијата од објект во општина Чаир

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

НАШИОТ АМБАСАДОР НЕ ПРИСУСТВУВАШЕ НА ЦЕРЕМОНИЈАТА: И Македонија ја бојкотираше инаугурацијата на Путин

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

УРИВАМЕ „ЦРНИ“ РЕКОРДИ: Два македонски градови се на листата најзагадени во Европа

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

НА ДЕН ВЕЛИГДЕН, КЕДЕВ ОСВОИ УШТЕ ЕДЕН ВРВ - го „победи“ Макалу, петтиот највисок врв во светот

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

БОКИ 13 ЗАВРШИ ВО СТАНИЦА: „Замислете, ме пријавил дека сум му ја загрозил безбедноста и дека сум го демнел“

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава

ЗАЧЕСТИЈА НАПАДИТЕ ОД МАЛОЛЕТНИЦИ - четири лица уапсени, ограбиле други малолентици, ќе следи пријава