20 Декември, 2025
0.0826

Грција: Отштета од 15 илјади евра поради навреда дека не е патриот за македонското прашање

Објавено во: Балкан 24 Август, 2013 12:39

Добивај вести на Viber

Поради тоа што го навредил дека не е патриот за македонското прашање, судот одлучил поранешниот солунски префект Панајотис Псомијадис да плати 15.000 евра на поранешниот европарламентарец од грчката партија на зелените, Михалис Тремопулос, пишува Дневник. Тужбата е стара две години, поради настанот кога Псомијадис пред две години во телевизиски емисии го нападна Тремопулос дека бил единствениот грчки европратеник што дал зелено светло за извештајот за Македонија. Во тоа време, солунскиот префект, кој беше на суд поради злоупотреба на службената положба, кажа дека некој сака да го замолчи поради неговите ставови за Македонија. Тогаш Псомијадис побара наместо со него, јавноста да се занимава со антигрчките изјави на грчките пратеници, споменувајќи ја посетата на Тремопулос во Скопје, на заедничка дебата со партијата ДОМ за градење нуклеарни централи во регионот. Ваквите изјави на Псомијадис го налутија европратеникот од редовите на зелените и го натераа да поднесе тужба. „Бев во Скопје за соработка со тамошната партија на екологистите против изградба на нуклеарна централа на само 12 км од грчката граница. Наместо да ни се честита за оваа иницијатива, Псомијадис и неговите поддржувачи сакаат да не вмешаат во оваа приказна за пропаганда и антигрчки позиции“,  изјави пред две години Тремопулос. Тремопулос не е единствениот грчки политичар што беше обвинет дека нема доволно тврди ставови во однос на прашањето за името. Пред пет години тогашниот советник за политички комуникации, Григорис Валијанатос, беше избркан од ПАСОK бидејќи во телевизиска емисија кажа дека соседната земја треба да се нарекува Македонија и дека постои македонско малцинство во Грција. Иако кажа дека ваквите ставови се негово лично мислење, не му помогна. Грчката опозициска партија СИРИЗАго отстрани својот претставник Насос Теодоридис од Парламентарната комисија за човекови права откако на социјалните мрежи промовирал промакедонски и протурски ставови, пишува весникот.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација