20 Декември, 2025
0.1340

Грција се надева на финансиска помош, но без нови предуслови

Објавено во: Балкан 26 Август, 2013 16:02

Добивај вести на Viber

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас се надева на повторна финансиска поддршка, но без нови предуслови.

Грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас е оптимист - тој смета дека неговата земја е на добар пат за враќање на пазарот на капитал. На Грција, според Стурнарас, не ѝ треба нов отпис на долгови.

„Нашиот товар долгови можеме да го намалиме на поинаков начин“, тврди министерот за германскиот весник „Ханделсблат“. Тој споменува пониски каматни стапки и подолги рокови за отплата на главницата на долгот за веќе добиените кредити.

Но, со тоа не би биле затнати големите финансиски дупки. Грчката влада својата дополнителна потреба од финансиски средства ја проценува на околу десет милијарди евра и се надева на помош без предуслови.

„Не зборуваме за нов пакет помош за спасување, туку за пакет економска помош“, истакнува Стурнарас.

„Обврските на Грција за возврат на веќе одобрената помош од меѓународните кредитори се прецизирани до 2016 година и не смеат да се менуваат“, аргументира министерот, објави „Дојче Веле“.

Според него, трет пакет помош, каков што навести минатата недела германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, не е неопходно потребен. Стурнарас најави бескомромисен приод кон даночните затајувачи.

Во време на мандатот на сегашната влада повеќе од 600 даночни грешници се најдоа веќе во затвор. „Тоа навистина не е убаво, но моравме да го направиме“, истакнува Стурнарас.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација