27 Април, 2024
0.0278

Грција се подготвува за исклучување на струја

Објавено во: Економија 23 Мај, 2022

Добивај вести на Viber


Грчката влада подготвува итен план за заштеда на електрична енергија и друга енергија во случај на целосен и продолжен прекин на испораките на руски гас.

Вонредните прекини на струја во работните денови ќе ги опфатат „енергетски интензивните индустрии“ кои не произведуваат основни видови стоки. Изворите велат дека таквата можност е исклучена во блиска иднина, но неизвесноста и обемот на војната во Украина, како и непредвидливата реакцијата на Москва на санкиите на ЕУ, бараат интервенции кои ќе ја ограничат потрошувачката на струја и транспортот во Грција.

Така, според атинскиот весник „Та неа“, во „екстремното сценарио“ ќе се активира наизменична „ротација на прекини на електрична енергија“.во Грција – во интервали во текот на работните денови.

Целта не е да се исклучи струјата за домаќинствата, компаниите кои се на нисконапонска мрежа или хотелите и критичната јавна инфраструктура, туку да се заштеди енергија која подоцна ќе се дистрибуира според приоритетите.

Грчката влада размислува и за враќање на далечинското работење за да заштеди енергија во компаниите, како и препораки за намалување на употребата на автомобили за патен транспорт.

Грчката влада презема и мерки кои вклучуваат превентивно заштеда на електрична енергија, а покрај овие мерки, грчката влада веќе презеде мерки за обезбедување доволно енергија и сигурност во снабдувањето.

Одлучено е да се изнајми танкер за складирање на течен гас на 12 месеци, кој ќе биде трајно закотвен на постоечкиот островски терминал за LNG недалеку од Атина, со што ќе се зголеми капацитетот за складирање.


Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра