20 Декември, 2025
0.0874

Грција се подготвува за следната проценка на тројката

Објавено во: Балкан 20 Август, 2013 10:21

Добивај вести на Viber

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска ќе одржи состанок со сите клучни министри и генерални секретари кои се директно поврзани со програмата за спас на Грција, односно финансиската помош од меѓународните кредитори. Претставниците на тројката меѓународни кредитори ЕУ,ММФ и ЕЦБ на 21 септември повторно ќе ја посетат Грција за да направат нова проценка на имплементацијата на реформите кои земјата ги презеде како обврска во замена за финанскиска помош. Владини извори изјавија дека Самарас побарал сите отворени прашања, особено оние кои се однесуваат на реформите во јавниот сектор, да се завршат до крајот на месецов. Со денешниот состанок, кој е само прв од серијата средби на грчкиот премиер со министрите од коалициската влада, Самарас сака да покаже и дека Владата се враќа на интензивна работа по кусиот одмор и оти нема место за одложувања во однос на обврските кои треба да се исполнат кон меѓународните кредитори. Според владини извори, Самарас ќе се фокусира на три клучни области: исполнување, колку што е можно повеќе, на обврските кон тројката меѓународни кредитори, подобрување на меѓународниот имиџ на земјата и спречување на внатрешното разидување во кревката Влада, особено во пресрет на изборите закажани за 22 септември во Германија, која има најголем удел во спасувачките пакети за Грција, во замена за тешките мерки за фискално прилагодување. Провладиниот весник „Катимерини“ минатата седмица коментираше дека грчкиот премиер веројатно ќе бара и рамнотежа меѓу продолжување со тешките реформи и приговорите од коалициските пратеници за плановите за нови болни мерки, како што се иницијативата за одземање имот на неплаќачите на данок, што предизвика остри негодувања од страна на многу истакнати пратеници од неговата конзервативна Нова демократија. Сепак, моментално најголема загриженост предизвикуваат реформите во здравството и образованието, како и реконструкцијата на пошироката државна служба. Владата на Самарас мора да биде во позиција следниот месец да и покаже на тројката дека напредува трансферот на илјадници државни службеници во шемата за мобилност, каде што вработените добиваат намалена плата осум месеци пред да бидат преместени на друго работно место или отпуштени.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација