Грција сепак ќе тестира туристи, но по случаен избор

Објавено во: Балкан, Корона Вирус 20 Мај, 2020 19:08
Соседна Грција ќе ги тестира туристите по случаен избор.
Туристичкиот период почнува на 15 јуни, датум кога може да се отворат сезонските хотели, а од 1 јули, постепено ќе започнат директните летови од странство.
Ова го соопшти грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до јавноста во делот посветен на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.
„На нашите посетители ќе им се прават тестови по случаен избор и ќе се почитуваат нашите општи здравствени протоколи кои сепак, нема да го засенат, ниту нашето сјајно сонце, ниту природната убавина на Грција“ – рече Мицотакис.
Грција подготви посебен план за развој на туризмот во услови на пандемија со Ковид-19.
Сите кои планираат да летуваат во Грција, оваа година ќе поминат поевтино.
Цените во хотелите и рестораните се намалуваат.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ СНИМКА ОД ИНЦИДЕНТОТ: Вооружени полициски специјалци од РС спречиле апсење на Додик

ИСТОЧНО САРАЕВО: СИПА се обиде да го приведе Додик, но полицијата на Република Српска ги спречи

(ВИДЕО) ВО ЗЕМЈОТРЕС ВО ТУРЦИЈА ИМА НАД 150 ПОВРЕДЕНИ: Луѓето скокале од височина од страв

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕ ЈА ЗАФАТИ СРБИЈА: Паѓаше град со големина на лешник

ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ ИМАЛО РЕКОНСТРУКЦИЈА: Се урна таван во училница во Србија

БУРА РЕАКЦИИ: Килограм лубеница чини 4 евра во земја од регионот

ПЦОВКИ И ТУПАНИЦИ: Во босански град сестри се степале поради имот
