Добивај вести на Viber
Тројцата терористи кои се одговорни за крвавиот чин во Брисел, се упатиле кон аеродромот „Завентем“ со такси.
Тие, имено барале од такси компанијата да ги собере со комби. Меѓутоа, како што диспечерот погрешно ги разбрал, на лице место стигнал седан.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/itele/status/712538840150499328?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Како што пренесува белгискиот портал Дхнет, терористите поради оваа грешка морале да понесат само дел од експлозивот и другиот материјал за планираниот напад.
Toa го потврдува и рацијата која ја спровела полицијата синоќа во градот Шарбек. Пронајдена е и четвртата бомба која била многу моќна и со голем ризик внимателно е демонтирана. Да била активирана таа бомба на аеродромот, можела да разнесе цел блок.
Полцијата соопштила дека таа бомба била направена во „домашни услови“.
[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/police_temoin/status/712428268838916096?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]
Да потсетиме, Брисел вчера го опфати серија есплозиви, а загинале 31 лице, додека 250 луѓе се повредени. Двајцата терористи, браќата Ел Бакрауи се разнесоа, додека третиот, Наџим Лахрауи, експертот за експлозиви, е уапсен во Андерлехт.