19 Мај, 2024
0.0270

Grexit или Bremain – тоа е прашањето 

Објавено во: Свет 30 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Најсериозното прашање пред британскиот Парламент за периодот 2015-2020 година ќе биде референдумот за излез (Brexit) или останување (Bremain) во ЕУ, кој премиерот на земјата Дејвид Камерон вети дека ќе се одржи пред крајот на 2017 година.

Иако некои конзервативци се искажуваат за одложување на референдумот до самиот крај на 2017 година, три се причините поради кои тој најверојатно ќе се одржи во 2016 година, пишува во анализа за „Светот“ на „Economist“ Џон Пит.

Според него раното гласање може да е потешко за победа од евроскептиците, бидејќи Камерон е сеуште во својот „меден месец“ - времето пред средината на неговиот мандат. Подобро е прашањето да се реши пред следната конференција на конзервативците во октомври.

Освен тоа 2017 година е исклучително лоша година за таков референдум: во Франција и Германија ќе се одржуваат избори и нема да им е од помош за Велика Британија, а во втората половина на 2017 година Велика Британија треба да го преземе ротирачкото претседателство на ЕУ.

Постои и претпоставка дека по некои отстапки од европските партнери Камерон ќе одржи и лесно ќе победи со гласање „за“ останување во ЕУ, по примерот на Лабуристичкиот премиер Харолд Вилсон, кој го постави истото прашање на референдум во 1975 година.

Но, тоа е оптимистича опција. За разлика од 1975 година, денес кампањата против останувањето во ЕУ има сериозен финансиски ресурс и е добро организирана. Неколку големи весници ќе ја штитат тезата за напуштање на ЕУ, додека во 1975 година тоа беше од позицијата само на левата „Morning Star“, пишува уште Пит.

Други два фактори се гласачите против членството во ЕУ. Едниот факт е дека англиската економија во моментов се справува многу подобро од онаа на еврозоната. Оваа ги охрабрува луѓето кои сметаат дека сега е добар момент за „ослободување од мртвиот зафат“ на ЕУ. Вториот е зголемената загриженост за емиграцијата и бегалците, поврзани во умот на Британците со правото на слободно движење на луѓе - клучен услов за членство во ЕУ. Евроскептиците тврдат дека само преку напуштање на ЕУ, Британија може да ја врати контролата над границите.

Сето ова значи дека Камерон ќе се соочи со посериозна битка отколку онаа што ја очекуваше досега. Сепак, тој би има превласт, ако акцент на негативните последици од излегувањето од ЕУ. Економските ризици од заминувањето на ЕУ се јасни: многу големи претпријатија и странски инвеститори предупредуваат дека тоа може да доведе до загуба на работни места и повлекување на странски директни инвестиции. Освен тоа не е јасно какви ќе бидат односите на Велика Британија со ЕУ по евентуалното нејзино напуштање.

Ако сака да го задржи пристапот до единствениот пазар, како Норвешка или Швајцарија, Велика Британија ќе треба да продолжи да ги почитува европските регулативи и да плаќа средства во општиот буџет. Но, ако сака да ги избегне правилата на ЕУ и да престане да плаќа купишта пари, таа ќе ги загуби привилегиите за пристап до единствениот пазар.

А згора на тоа треба да се разгледа и за Шкотска. Ако Велика Британија гласа „за“ напуштање на ЕУ, шкотските националисти веднаш може да побараат нов референдум за независност (како што укажал нивниот лидер Ник Старджан). И речиси сигурно ќе го освојат. На овој начин заминувањето од ЕУ би значело истовремено распаѓање на Велика Британија. Ова исто така ќе доведе до оставка на Камерон и замена со многу евороскептичен претставник на ториевците.

Шкотскиот референдум во септември 2014 година покажа дека негативните кампањи и фокусот на ризиците работат за зачувување на статус кво. И како кај Шкотска инерцијата веројатно ќе помогне: да го соочуваат со избор помеѓу статус кво и скок во непознатото, периферните гласачи би ја одбрале првата опција.

Меѓутоа, ако Камерон се обложи на негативна кампања, ризикува да ја испушти контролата и да даде предност на приврзаниците на заминувањето. За да се справи со овој ризик, Камерон треба да изработи сопствена позитивна порака.

Ова ќе биде тешко за некого, кој поминал толку време во напади против ЕУ. Но Камерон може да собере четири поени во своја полза. Една од нив е дека членството не значи само единствен пазар, но и потенцијалните придобивки од големиот нов договор со САД и трансатлантски договор за трговија и инвестиции (ТПТИ).

Би било перверзија Лондон да го напушти слободниот пазар со ЕУ токму сега. Втората точка е геополитичката предност на ЕУ за агресивна надворешна политика на рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе е среќен од едно излегување од ЕУ. Третата е да се нагласи колку ќе се променила ЕУ под влијание на Велика Британија.

Последната точка на Камерон е дека секое напуштање на ЕУ ќе е неповратно. Ако Велика Британија ја напушти Унијата, сигурно е дека нема да има пат за назад. Ако сепак остане, може да се премисли во рамките на една или две децении.

Теоретичарите, а и многу гласачи би заклучиле дека изборот за останување во ЕУ носи многу повеќе можности во иднина.

Можеби ќе ве интересира

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

„ТЕШКО СЛЕТУВАЊЕ“: Со дронови го бараат хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

ЗАГИНА ВО БОРБА: Украина загуби еден од своите најдобри пилоти

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

(ВИДЕО) НЕСРЕЌА: Се урна хеликоптерот во кој се наоѓаше иранскиот претседател Ибрахам Раиси

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

РУСИЈА ИЗВРШИ НАПАД НА ХАРКОВ: Пет луѓе загинаа, а најмалку 15 се ранети

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) НЕМИРИ ВО НОВА КАЛЕДОНИЈА: Француските сили почнаа „голема операција“

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

(ВИДЕО) СЕ ПОЈАВИ НОВА СНИМКА ОД НАПАДОТ НА ФИЦО: Премиерот паѓа преку клупата

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

ВОЈНА ВО УКРАИНА: Идните недели се клучни

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

(ВИДЕО) ПОПЛАВИ ВО ЕВРОПА: Погодени се Германија, Италија, Белгија, Франција и Холандија

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела