ГРИПОТ ЗЕМА ЗАМАВ - три дечиња на клиника во сериозна состојба, никој не е на апарати
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2020
Три дечиња од 17 пациенти кои се хоспитализирани на Клиниката за детски болести во Скопје се во сериозна состојба, како резултат на компликации од сезонскиот грип.
Информациите се дека сите три случаи, покрај сезонски грип, боелдуваат и од некои други болести.
Директорот на оваа клиника изјавил дека ниту еден од нив не е на апарати за дишење, а состојбата на 14-мината други пациенти е под надзор на медицински тимови.