20 Декември, 2025
0.2963

Грција го започна процесот на раселување на имигрантите по квотите на ЕУ

Објавено во: Балкан 04 Ноември, 2015 11:03

Добивај вести на Viber

Грција го започна процесот на раселување на имигрантите по квотите на ЕУ во другите европски земји, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас, цитиран од агенциите.

Првата група од 30 бегалци од Сирија и Ирак одлета денес за Луксембург, додал Ципрас на аеродромот во Атина.

„Разбирам дека денес тоа е капка во морето, но ќе се обидеме да ја претвориме оваа капка во голем проток на организирано раселување на бегалците од земјите во кои тие се прифатени привремено“, посочил грчкиот премиер.

Потсетуваме дека вчера претседателот на Европскиот совет Доналд Туск најави дека закажува нова вонредна седница на државите и владите од Европската унија (ЕУ) за миграција за 12 ноември. Главната цел на вонредната средба ќе биде да се даде оценка на спроведувањето на усвоените мерки за справување со кризата. Предвидено е известувањето за напредокот на преговорите со Турција за миграциските прашања и евалуација на активностите за спроведување на квотите за раселување.

„Сигурен сум дека условите таму ќе бидат прекрасни и денес ние со министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц и еврокомесарот за внатрешни работи Димитрис Аврамопулос им рековме на аеродромот во Атина „збогум“ на оние луѓе кои заминуваат на патувањето од нивните соништа.

„Денес за прв пат видов насмевки на лицата на децата кои бегаат од војната. Ќе вложиме максимални напори овие насмевки да бидат се повеќе“, изјавил Ципрас.

„Ќе им помагаме на луѓето. Ова е Европа, во која живееме. Ова не е Европа на ѕидовите со жица, додал тој.

Денес од Атина за Луксембург заминуваат шест семејства од Сирија и Ирак. Тие се првите мигранти, кои ќе бидат раселени по двегодишниот план на ЕУ во вредност од 780 милиони евра, забележуваат агенциите.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација