20 Декември, 2025
0.0536

ГРЦИЈА НА НОЗЕ: Целосна блокада и штрајк поради мерките на штедење!

Објавено во: Балкан 12 Ноември, 2015 10:04

Добивај вести на Viber

Во Грција нема да има летови на домашните линии, бродовите ќе останат на пристаништата, а јавните служби ќе бидат затворени, поради штрајкот против мерките за штедење.

Грците не се задоволни со мерките на штедење кои меѓународните кредитори ги бараат во замена за нов пакет на помош.

Во болниците ќе работат само итните служби, а некои државни училишта ќе бидат затворени, бидејќи наставниците и учениците, доктори, новинари и вработени во сообраќајните служби ќе му се приклучат на првиот голем штрајк оваа година, на кој се повикани и најголемите грчки приватни и синдикати на јавниот сектор.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/business/status/664700930122768385/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Штрајкот ќе биде прв тест за премиерот Алексис Ципрас, кој дојде на власт во јануари, ветувајќи дека ќе стави крај на мерките за штедење, а потоа прифатил непопуларни услови за трет пакет на помош, под закана за излез на Грција од еврозоната.

Ципрас после неколку месеци повторно е изберен, со овластување да спроведе договор, но со сериозни тешкотии да ги ублажи неговите последици, пренесе Ројтерс.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај