20 Декември, 2025
0.0511

Грција во нова битка со кредиторите за 2 милијарди евра

Објавено во: Балкан 09 Ноември, 2015 14:19

Добивај вести на Viber

Атина ќе мора да се избори за доделувањето на следните 2 милијарди евра по првата транша од новата спасувачка програма за земјата. Денеска ќе се одржи седница на Еврогрупата - неформалната организација на министрите за финансии од еврозоната, и на неа ќе биде јасно дали Грција ќе го добие износот.

Во оваа фаза вестите не се оптимисти за Грција, станува јасно од публикациите во меѓународните медиуми. Според извори на „The Wall Street Journal“ одлуката за доделување на износот нема да биде донесена на оваа средба, а можеби и до крајот на неделава.

Кредиторите и грчките власти се уште расправаат за мерката за одземање на станови по стареењето на хипотеки. Четирите институции кои го доделија новиот заем за Грција - Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), ЕК, Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската стабилизација механизам (ESM) инсистираат на правилата за одземање на живеалиште да важи и за граѓаните со имот од 120 илјади евра . Според грчкото законодавство во моментов границата е 200 илјади евра.

Премиерот Алексис Ципрас на неколку пати веќе коментирал дека нема да отстапи на ова барање на кредиторите. Вчера тој имаше разговори на оваа тема со германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција, Франсоа Оланд и претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер. Од краткото соопштение на владината прес служба не беше баш јасно дали е постигнат некаков договор за темата. Надежта на премиерот на Грција е политичка одлука и „фер компромис“, пренесува „Greek Reporter“.

Оптимизам дека ситуацијата не е во ќор сокак сепак дава францускиот министер за финансии Мишел Сапен. За „Ројтерс“ тој коментирал дека Грција стриктно го почитува договорот од јули и додал дека Франција сака да се постигне договор со Атина уште денес. Дел од него се и плановите за докапитализација на банките, кои грчката Влада ги подготви.

„Остана едно контроверзно прашање - заплената на куќите на луѓето кои не можат да ги плаќаат долговите“, признава сепак Сапен.

Има напредок во однос на барањата на кредиторите, признаа од Еврогрупата, но не и дали ќе бидат ослободени следните 2 милијарди евра, коментирал и портпаролот на ЕК, Маргаритис Схинас за време на брифинг во Брисел.

Грција е на вистинскиот пат, коментира и комесарот за прашањата на еврото Пјер Московичи по посетата на Атина кон крајот на минатата недела. Тогаш се гласаше вториот пакет со реформи, меѓу кои и замената на зголемувањето на ДДВ за приватните училишта со данок на кладилниците.

Можеби ќе ве интересира

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Софија издаде конкретна мерка против загадениот воздух - викенд зелена карта

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај